Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Dzesikaaa, me zarazi, mamata tvoja :DDDDDDD


najdov i drugo neso bezobrazno :)))
 
home at last :D тоа првото, второто i feel really great, третото ми фалеше мојот лаптоп...
и еј, како една слика може да те изнасмее тоа чудо нешто... гледам и прво сум like
-What have you done?!?!?!?!
потоа...
-Phahahhahaha you failed!
и уште си се смеам... како само, како успеа? :D

aand btw, to another person, i like our late-night talks :D
 
Драга,
И жалете се после дека сте немале пари и услови! Пичлемиња!
 
ДК
После притисокот од дома да не лежам дома туку така, решив да си најдам работа. Си се вработив привремено како помошник електричар во еден сервис за компјутери пред еден месец и пол. Колку да не лежам дома летово де. Поправав напојувања и преинсталирав компутери само. Сето убо само

Добра вест
Зедов плата за јуни

Лоша вест
Цела плата ја дадов покривајќи го минусот од пивофест(n)(n)
 
поздраф Плух за мојот потпиз се погрижи Цеца : )
Кајгано Бабси има иљада и една ноќ со лајковите
a Гери Мур ми везе док блаа диња медовача кроз усне
ми тече, ритам пече
ама Џабе, Дукадилац е глуп кајгано
а добар си беше Кајгано, ама у задњо време е глуп
и од што е глуп е одбиван
ти си позитивна Кајгано, би ... такој
 
Кајг,
најискрено денес пробав да не ти се обраќам тебе.
Но на сите што се обратив, останаа грозни и празни.

Обичен ден беше Кајго, се довлечкав на работа со мисла како ќе ја преживеам втора смена, со мањак персонал. Отидов порано, да се напијам кафе.

Фејсбук. И тишина.
Умре едно дете. И тоа не денес. Денес беше вторник. Умрело во саботата.

Не беше тоа тага.
Беше бес, очај, лутина.

Стоев немо и читав. Еднаш, два пати, три пати.. Не беше реално и некако, не беше вистински.
Колегата ми рече - чекај, па многу деца умираат.

Во право е. Умираат. Ниту едно не смее да умре.
Но не сите деца се убиени.

Барем за мене, постои огромна разлика меѓу убиство и смрт поради ненасилни околности.

Убиството е предавство, према себе, према човечкиот род.

Но ова дете, не беше само убиено. Беше убиено од оние кои требаше најмногу да се борат за неговиот живот.

Како молња ми дојде Смилковско. И тие беа деца. Нечии деца.
Но на крајот, некој плачеше за нив.

За ова дете нема кој да плаче. За ова дете нема кој да пали свеќи на плоштад. За ова дете нема протести, нема правда.


И најмногу од се ме погоди тоа што самошто родено дете, е најневиното нешто на светот.
Неговата смрт не беше затоа што било албанец или македонец, не беше затоа што било христијанин или муслиман.
Неговата смрт се случи само затоа што беше живо.

Зарем постои поголемо предавство од родителското? Постои ли посвиреп чин од убивање на своето дете, и тоа на начинот на кое беше убиено?

И да се најде виновникот, и да му се пресуди најголемата казна, малку е. Малку е се.
А уште повеќе пече вистината која кажува дека ,,тој некој,, најверојатно нема да се најде.

Затоа што не знаеме ниту дали е тој некој неговата мајка? Можеби и таа без јазик и задавена гние во некое мочуриште.
Можеби некаде е среќна што конечно успеа нејзиниот план.

Не знам. Ама прв пат имам чувство дека нема да се премислам да имам шанса да ја мачам три пати повеќе од што таа го мачеше него.

Затоа што пострашно од ова, нема.
 
Драга,

Седам на тераса и барам посилно да дувне ветрето.
Да ми ја разбушави косата, да ме разбуди од оваа напнатост, да ме освести.
Едноставно да ме врати во живот.
Се ми е досадно бе мила.
Времето го поминувам читајќи книги, па една книга ја читам за рекордно време.

Ми требаа планинско место со викендичка, а таму јас моето либе и уште 2-3 личности.
Чист воздух, ладна глава.
А да не би се лутела на тоа место и да има базент :pipi:
 
Кајгана ова ми се нема десено денеска али неколку пати сум бил во ваква ситуација.

ЈСП in a nutshell.

-Дечко слободно?
- Па, да.
-Е фала многу, да седнам малце да се одморам, цел ден сум на нозе, те на пазар, те кај внуците, па еве сега треба да идам на лекар нешто грбов ме боли не можам да се наведнам коските ме болат. И сега лекарката ќе ми пише некои лекови изгор скапи, а јас со една пензија од што ќе живеам ? Жената има мала пензија, знаеш она продавачка беше во една продавница порано, не ја знаеш ти продавницата мал си бил, ама се се продаваше во неа, ама ете мала плата- мала пензија. А еве сега бев кај внуците и они пари бараат треба со женски да идат им треба и на нив пари. Едниот внук колку тебе е голем. Да не го знаеш случајно ?
-...Па..
-Добро можда не ти текнува во моментов ама и он учи во Скопје сигурно го знаеш. Еден крупен дечко, на мене во млади години ме потсеќа.Е каков фраер бев јас како млад да не ти се верува. Еднаш отидов во Загреб сите женски мене ме гледаа. Си бил во Загреб ?
-...Па..
-Добро млад си ти има време и таму да идеш убав град е Загреб, ама Скопје си е Скопје. Еве сега и во Скопјево споменици ставаат сакаат како Загреб да го направат, ама не е тоа тоа. Ама ако се труди владава бар нешто да направи во Скопјево. Ми текнува порано Скопјево какво беше, кога се собиравме со другарите да купуваме боза од слаткарницата што беше. Ја знаеш слаткарницата ?
-..П..
-Добро мал си бил ти не ти текнува. Е таму какви еклери правеа, па таа Марија што беше, убава жена беше да ти е милина да те служи.Еве сега слушнав внук и се родил тука некаде во Скопјево живее. Си слушнал за Марија ?
-....А..
-Добро ти можда не ама дедо ти ако е од тука сигурно ја знае. Убава мома беше, ама не е како Стојанка моја. Е Стојанка баба ти (штом е стара жена одма по дифолт мора да ја каже "баба ми" ) беше висока убава мома на времето. Се сретнав со неа на корзо за прв пат. Ти има кажувано дедо ти за корзото ?
-М...
-Добро има време ќе ти каже млад си ти. Е тогаш на корзото еднаш Миле кога дојде со..
-Извинете треба да се симнам тука.
-Е па ај мило ми е што си споделивме неколку зборови, иначе сакав да ти кажам и за....
*шпринт по скали симни се и чекај нов автобус да си го довршиш патувањето*
 
Кајганче!
Си викам да ти пишам сеа, пошо утре тешко дека ќе седнам на пц, па ај поштено да се испратиме :). Бебушот иде да ја шета Европа, и воедно конечно да ја види Италија :). Ветувам ќе парлам италијански додека устата не ми се исуши и ќе глеам да се шмугнам во фаншоп за да купам дрес :)).
Ужасно ми недостига сестра ми, иако e втор ден како не сме една покрај друга. Помислата дека ќе ја видам за три недели ме убија :). Али ќут, не и' го кажувај ова ќе си дигне акциите и ќе си земе за дозвола пак да ми краде од плакар алишта >.> .
Ваљда се што планирав прибрав, уште полначот за мп3ката да го најдам и спокојна ќе сум. И' реков на мама утре да ми го направи омилениот доручек иако знам дека не треба да ја малтретирам :)). Исто, знам дека ипак и покрај не толку слободното време, ќе ми го спреми, онака ќејфски и ќе ми дозволи да го изедам целото канче кисело млеко :P. Е, затоа си ја сакам :))). Сите ги сакам ( ако се лажеме). Добро де, повеќето.
Еми толку. Остани ми добра и жолта, другарчињата поздравени, па се читамe. A presto :pipi:
 

Ah ovie zvuci.... me praat i tazen i srekjen vo isto vreme. I ispolnet i prazen. Mnogu emocii razmeshani...
 
ПРОШТАЛНО

(на жена ми)

Понекогаш ќе ти идам в сон
Ко нечекан и далечен гостин.
Не оставај ме на патон вон -
И врати не залостувај

Ќе влезам тивко.Кротко ќе приседнам,
Ќе втренчам поглед в мрак за да те видам,
И кога ќе бидам сит јас да те гледам -
Ќе ми те бакнам и - ќе си отидам.

------------------------
Нашиот Никола оваа песна ја напиша момент пред да го стрелаат пред 71 додина.
Цела ноќ помина читаиќи ги неговите песни за татковината - неговата беше и наша
уште знаеше да напише за земјата каде го стрелаа на 23.07.1943 година.

Оваа земја,
по којашто газам сега
оваа земја
што пролетен ветер ја буди,
оваа земја - не е моја
оваа земја,
простете е туѓа.
------------------------
ни и покрај ова источните ни соседи велат дека тој е...(не ми се спомнува ни името)
 
Добро утро Кајг,
дури 2 ипол саати спиење :vozbud:
ќе се онесвестам!
Ај оди свари ми кафе :coffee:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom