Драга Кајгана,
Еве у Пиреа (Атина) на пристаниште кристам гага нет. Одамна немам пишано ниту тука, ниту на ФБ. Бурен живот овој морнарскиов. Моментално сум на цифра 50, најтрики цифра.
Од поинтересни работи што видов во живот да набројам првин посета на Монако и МОнте Карло. Мемориска картица у гифт-шоп 16 гига 75€

Инаку се сликав со Ламборџини Авентадор, Ферари Ф40, Шелби Кобра

Не се сликав со Ролс Ројс пошто у Монте Карло RR се вози ко кај нас Опел Астра. А се сликав и со Фиат 500 (оригиналот), јеп, уште се тркалаат фиќовци низ Италија и Монако.
Бев и у Кушадаси. Додека шетав по чаршија продавачите не прашуваа мене и Карен од каде сме. Јас викав Македонија, таа Јамајка и ми викаа, ју лаки мен, мејк бејбис
Инаку турциве секоја чест. За прв пат Дизни брод им дојде у пристаниште и пристаништето беше спремно тип-топ. Девојчици правеа анкети за тоа како сме го бендисале градот и пристаништето, дали имаме некоја забелешка, некој предлог... делеа гага магнети за сите што пополнуваа прашалник.
Го јадев највкусниот десерт на планетава. Во Хард Рок бар во Малта. Заборавив како се вика, ама обавезно идам секој пат у Малта да си каснам. Да имате претстава за каков десерт станува збор, ќе ја пишам целата приказна. Значи ја и Карен идеме да кркаме некој мрсен бургер, Карен зима леџендари, ја тексашки, и гнетеме и успеваме да изедеме цел бургер и да испиеме голема чаша 7ап, и онака седиме и се мислиме што за десерт. Ја гледаме фотката од десертот и изгледа како мала чаша, и порачуваме по еден. Келнерката донесува 2 огромни чаши до пола полни со печено јаболко, кекс и преливи а другата половина ванила сладолед. Комбинацијата изгор топло јаболко и сладолед кој се топли полека е прајслес. Ако после толку многу храна десертот е највкусен на свет, значи навистина е највкусен на свет. Чини 6 евра. Следниот пат ќе напраам фотка и од десертот и од флаерот што стои на масите
Ја видов и Венеција. Не смрдеа каналите

)) Венеција е прекрасна. Само 2 пати се изгубив во рок од 10 часа шетање што значи дека сум ТоБ

Додуша последните неколку часови имав помош од непрецизната ајФон мапа на Андреа, ама мање битно

За малку ќе раскиневме со Карен. Обично у Венеција се иде на романтичен викенд, ама за нас не беше баш романтично. Како и да е, после тоа се средија работите.
Како и да е, од толку многу шетање по градови и села по средоземното море, Карен стана експерт за сладолед
Толку од мене сеа за сеа, имам уште мнооооооооооогу за пишување. Да бидам искрен неам пишано на ФБ скоро цел месец, а имав навика да пишувам после секое крстарење.