Ах Драга моја....
... убила ме носталгија....
Читај да видиш што сум пишувал пред едно пет години.
"Нема слава, нема величина ако нема ни спремност да се прекршат правилата. Мислам, само погледни наназад. Тоа што за Американците се The founding fathers - луѓето кои им ја основале нацијата, кои се побуниле против Британската власт, за Британската Империја биле само бунтовници, бандити, непочитувачи на законот (outlaws). За Јужна Африка Мандела беше криминалец, со години го чуваа во затвор.
Поентата е дека има нешто поважно од правилото, а тоа е правдата, праведноста. И нема подоблесно, поблагородно нешто од тоа да се бориш за правда.
Затоа... правилата не се за да се прекршуваат, туку за да се оспоруваат и да се заменуваат со подобри и поправедни."
Жал ми е... Имам чувство како да го изгубив она идеалистичко, младалачко во себе. Малку по малку станав циник.
А си ги читав и некои други мислења што сум ги пишувал... абе повесел бев, посреќен... посмешен дури.
WTF happened to me?
I think I liked the old Димитар better.