Драга... ова што туку го прочитав... и што знам... ме замисли за тоа што е она што јас го сакам.
"Беше девојка која навидум може да остане ладна како камен, но само за оној кој не знае каде и како да допре до неа. Тешко кој беше способен во нејзините очи. Сите и одмакнуваа за милиметар. Сите и беа површни – секс или лигавење. А таа бараше две во едно. Казанова и принцот на белиот коњ. Го бараше совршениот, оној кој ќе знае да и го покаже интензитетот, понекогаш и временски квалитетот, но и оној кој ќе знае да ја прегрне, да запали некоја свеќа, да и донесе чаша црвен мерлот, да и свари едно топло кафе наутро, да ја разбуди или да не ја разбуди, да ја држи за рака како средношколец тогаш кога знае дека и е потребно, да ја бакне за чело оној пат кога знае дека солзите штотуку не и се растекле по лицето и да ја сака онаква каква што е кога станува од спиење – бушава, топла, поспана и боса, понекогаш екстремно зборлеста и расположена за карање, а понекогаш ќутлива и желна за љубов без зборови. Само љубов, воздишки, сонце и едно јако црно горко кафе без шеќер."