Драга,
Изморена сум. Од книги. Факултетски.
А остај тоа што имам уште 3-4 недели до полагање, кој ќе ги гледа дотогаш?! Ко демек, да почнам порано за 2 кол, тој првиот се крстам што положив. Али тешко оди, daydreaming по цел ден. И над книга, и пред Тв, и во бус. Поготово во бус.
Изморена сум и од мислење дали направив грешка.
Според мислењето на сите околу мене, направив.
Али тоа што некого прашувам за мислење, изгледа џабе прашувам, никого не слушам, зошто никој не знае како ми е, никој ни мене ме познава дотолку за да знае што и како стојат работите.
Не ме сфаќаат, пробав да објаснам, али не.
Не ми ја сфаќаат таа поврзаност што би ја имала секогаш, па и по 10-20-30 години.
Моја грешка е, прашувам луѓе кои изгледа не можат со никој да се поврзат, па и кога ќе го направат тоа, го прават површно, повеќе од корист и досада, отколку од вистинска потреба.
Убав ден денес. Штета што по бурната ноќ едвај станав, во 14.

Ако, вредеше. До Месечината и назад.

Ме нервира многу, Кајги.
Толку е несмасен што треба нов збор да се измисли за тоа. Не можам да го натерам да гледа со мене Friends, не ги сака!

Да не почнам да зборам што ретко јадеме иста работа. Со тешко срце се наканува во читална да ме дружи, а кога ќе дојде пак, место не го фаќа! Исто, ме нервира и што побрзо чита од мене и што побрзо памти.

Јас секогаш под напон, а овој ... мува не го лази.
Порано многу ја сакав таа ладнокрвност кај него, сега ме нервира.

Една работа му признавам - Има предебели нерви, најдебели од сите што ги знам!

Јас ги немам, се можам да отерам од таму каде што излегло. Ретко кој не заслужува впрочем, само сум си искрена.
Туку, оваа цимеркава е тотално откачена некогаш. Ме насмеала некни, кога и да ми текне ко зелена се смеам, ама може месец-два никој така не ме насмеал.

За ова, и посакувам десетки семестаров и нормално, добар секс со дечко и, после Велигден тоа, дека пости сега.
И така, Кајги, добро е во глобала.
