Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
идел јохан денеска и сите се собрани да го пречекаат :icon_mrgr: сличен пречек има како исус да слегол на земја.
сеа пушти на сител и следи во живо што се случуват. кога ќе го донесат на плоштад и кога ќе ги види тие 50.000 споменици, те молам следи му ја реакцијата............
нешто слично вака ќе биде:
Го заболе на Јохан за спомениците...
 
Политика, партии, поддржувачи на партии, " глумци ", мангупи, срби, цигани, бела техника, курви, смартфони, телевизори, пријатели, американци и нивни сојузници, кошарка, трева и алкохол, планети и орбита, задгробен живот, возови и автобуси, села и приградски населби, Албанци, Барса, Реал, Манчестер, Баерн М. стадиони и навивачи, евреи и црнци, сонце и месечина, Господ и остали глупости, ангели и ѓаволи, бајки и раскази, живи и мртви, атомски и обични бомби, здрави и ретардирани, оџаци и чистачи на оџаци, рокфелери, масони, илуминати и разноразни други говна, ѕвезди и соѕвездија, наградни игри, далеководи, индустриски зони, зелени полиња покрај патот, крст на Водно, Охридско, Преспанско, Дојранско и други говнарски езерца, жичарници, сендвичари и слаткарници, рокери и турбо фолкери странски и домашни, индиски, шпански и турски серии, совет за радиодифузија, претседатели на сите земји, стручњаци и академски граѓани, интернет и компјутери ...

ЕДНОСТАВНО, КООООООООЈ ВЕ ЕБЕ !!!
 
Драга моја кајганче си тера Single ама некако не ми се седи вака што викаш ти? :unsure: Ај нема врска за тоа друг пат ќе размислувам ... Него што е чудна ова работава чим нешто им кажеш одма се лутат зошто толку вистината ги повредува? :unsure: бараат совет од тебе откако ќе им ја прикажеш вистината бегаат се тргаат на страна и после како ти да им си крив ... а друга работа повеќето се жалат абе не можам да си најдам дечко леле не можам дечко да си најдам за озбилно а уствари таа се затепала во некој кој нејзе не ја шиша ни 2 % и после вика не можам да најдам па фала богу нема да најде кога не дозволува самата човек да и направи моабет да и прикаже некои ставри али тоа е тоа ... кајганче одам јас да спијам ајт да одморам и јас :)
 
Денес настана остра дискусија за тоа колку треба да заработувам за (добар?) живот. Упс. :(
И напраивме мала кајгана собиранка, топ си поминав.
И читав книга (литература) во читална денес, наместо факсовски ствари.
И закажав на два лекари.
Сеа ќе ручам. :D
 
Ретко пишувам постови тука, обично тоа е кога ќе ме мавне необична емоционална "непогода". Почнав со Нирвана, Радиохед, Тул, ГНР, Смоуки, а завршив со Дизни. Е да ти се плукнам кај залутав во тој дел од јутуб. Сега жими се ми течат некои педерски, но искрени солзи. Го изгледав целото видео без да трепнам, сега ми е многу тешко, како да ми капнал змиски отров. Ех Тарзан, памтам кога го даваа во недела сабајле на телевизија, а тебе ич не ти чуе дали е понеделник утре, дали е среда, дали е зиме, дали е лето. Паметам и имав игра Тарзан на компјутер кој го користеше мајка ми за работа. Во сред работење ќе ја замолев да изиграме малце. Она оди напред назад, јас мавам со копјето. Мнооогу бев среќен и безгрижен и највеќе ја сакам мајка ми.

Ве замолувам да го изгледате и ислушате целото видео, ништо нема да ви стане ако истрошите 6 минути. Солзите се неизбежни.


Се сеќавам и на прекрасниот цртан Spirit-Stallion of the Cimarron кој ми го купи мајка ми. Премногу сум емотивно поврзан со него.


Да им се мочам на неблагодарните мочковци кои непочитуваат родители.
 
Еее Д.
За многу кратко време ти се вратив со нов пост. Не те гњавам многу ама сега со причина ти идам.

Септември. Септември беше месецот кога стиснав Регистрирај се. Крајот на летото 2009то. Од тогаш целата си пребарана, проверена и сигурно повеќе од третина прочитана. 3 и пол години од тогаш. 3 и пол години, 2173 мислења до сега, помалце од 50 избришани, 10тина теми, неколку уште во функција а неколку кантосани, сите тие бројки погоре а НИТУ ЕДЕН БАН ОД ТЕМА. Ниту еден бан до пред 10тина минути. Не ми се веруваше што читам во известувањето. Ама заслужено.

Ајде, прво па машко, па по 3 ипол години ваљда ке биде вториот. :D
 
Здраво ;)


12.04.2011.
Датумот кога ги остаив цигарите :cool:
Мада не одрекувам дека и сега не завлекувам по некоја, чисто онака за друштво :pipi:
Што пари заштедив, ама џабе кога одат у касите у кладилница :tapp:
Исти курац различно паковање, ама и од тоа сум чист веќе, неполни 5 дена :X3:
Ќе треба изгледа и тој датум да го меморирам :unsure:


12.04.2012.
Помина и 1 година, од тој црн Четвротк, и оцрнати животи на 5 фамили....
Нека им е лесна црната земја :tapp:
Како може да им е лесна?
На каков начин завршија со своите животи?
Што има лесно во тоа бре?!
Само најблиските на настраданите знаат како им е....

Па и дедо Анчо отворил тема за гробови...
И си размислувам, што останува од човек? Ништо бре! Те бутаат у дупка, и аливидерчи...
На роднините, пријателите, остануваат спомените за нив од тебе, и добри и лоши, слики нешто, и тоа....
А телото кое ти си го негувал, го јадат доле секакви инсекти...

Лошо, лошо....
 
Драга,
јас арна, се вардам од банови. Не оти ќе бидам банирана туку другарка ти Лиџеа ќе ми мава ремет дека сум претплатена за бан секој месец. :icon_lol:
Друга работа, прееска читам во група за факс дека утре петочно ќе не носел асистентот у посета на партија ВЕМЕРО. Абе ај... нема да спијам вемеро ќе ги слушам како идеологија нивна објаснуваат... па ќе почнам да се смеам ко стока, не се додржуе тоа. Затоа арно си знам, глеј си креветот.
Патем... многу лигаво се чувствувам вечерва... замисли бе... дојде во никое време и во неарните да ме види :X3: ќе си умрам од цел живот потресеност! :love:
Слушај.
 
Драга кЕјгена,
Очигледно очекуван одговорот на она што ме мачеше цело време. Хороскопот си предвиде, емотивен распад. Потиштен од тоа дека во последно време целта на муабетот беше како кој што треба да смени. Си жнеам она си сеев. Направив себична личност од избалансирана девојка па сега дури и почна да ми р'же. Си копав длабоко во душата и срцето, осеќав како да си мавам боксови за затишување на тахикардијата + дијазепами секоја вечер зошто мислам 2 ца(та). Нереков ништо. Иако бев на работ на нервен слом.
После 2 дена го вратив муабетот и реков "Никој не треба ништо да смени, ако треба некој да смени нешто нема да биде она што е сега и нема да биде она кое не прави целина, ако некого сакаш му ги сакаш и маните, малоумна си, требаше да сфатиш сама, заќути!" , водено од "Не грешка си, ти си тој што треба да се смени за мене, за да ова успее...." Си отидов без збор... не осетив ама баш ништо ... 2 години историја, мака или немака, не ми е потребно да се трудам да сакам, сакам да сакам, ама некој несака да сакам јас, сака да ја сака друга моја алтернативна личност. Да ме прашаше некој 5-6 месеци порано, ќе речев она е вистинската, дури и почнав да штедам, за нас, и уште мислам дека некаде длабоко во неа се крие идиотката што ја познавав порано. Викаше досаден си... Курои врагои all over me.
 
Онака тапа ден и уште полоша ноќ... што е со луѓево бре? само сељачана гледам, ми се темни... капак на се, за малку конфликт, плус уморен од цел ден од работа... дефинитивно морам да спијам, ќе почнам да убивам нешто, себеси :D
 
Ми се иде негде на свадба. Ама стварно многу ми се иде. Да разврзам некое оро, да заиграм чочек на маса, да ми позавиди народот :) Ама за инат никој нејќе да се жени/мажи... Од друштвово, кои веќе рипнаа во тавче, кои уште не планираат такво нешто :( А од фамилија... викаат ја сум била на ред. Пу пу пу, скраја да е :D Млада сум уште... А и да не бев, не е тоа филингот... На сопствена свадба не може човек да се весели како што му сака душата, нели? :D
Ете така да си знаеш Кајгано, ако решиш да се мажиш, имај ме во предвид за специјална гостинка :)
Ае позз
 
После напорнава недела, не си свесна какви очекувања имам за викендов :icon_mrgr:
Само нека помине под конец :D
Да почнеме уште од вечерва.
Не барам ништо повеќе, само Вардар нека го победи Металург :icon_mrgr:
СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН БОРИС ТРАЈКОВСКИ :icon_mrgr:

255058_10151357870530348_2143748792_n.jpg

Столе згази ги тииии :vozbud:

Ајде ајде ајде Вардарееее, Вардарееее, Вардареееееее :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom