^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
Пред мене се наоѓа голем ризик. Вечерва доста чудна ноќ ми е, разговарав со газдата... му реков "Ја напуштам работава..." ... мило ми е што прифати и го ценеше моето мислење. Ги работам шо се вели последните саатови / денови, додека да се најде замена за мое место. Се сеќавам на интересни моменти, ќе ми фали понекогаш местово, знам. Запознав прекрасни личности, а и нив ќе им фалам исто. Нема веќе ништо да биде тука како што беше... и самите тоа го рекоа. Сето веќе е спомени само, и минато. Повеќе од 3 години поминати низ смеа, сериозни муабети, собирања, проблеми и секакви дешавки.
... али тоа е, морам за мои интереси да продолжам напред кон подобро. Останува да видиме дали ќе успеам, ако не успеам... ќе се сметам за најголемата пропалица шо постои на светов.
Сега се што ми треба е малку одмор, да го одморам мозоков, полека да се вратам во реалноста... и да продолжам понатаму со новата работа.