Неконзистентен онеиронаутичен полубог, споредно-главен контролор на своите емоции, хетеросексуален со пасија за возвишени емоции и дивјачки сирови потреби на парцијална доминантност со ниско ниво на садизам и минимално ниво на мазохизам. Нихилист со алтернативни морални вредности и релативно искривени општесвено-социјални гледања, патолошки мегаломанијак кој користи квази-интелектуални изрази да ја замаскира мрзливата активност на неговите интелектуални походи. Самопрогласен урбан философ и психонаут, обожавател на сложени проблеми со лесни одговори. Борач на правата и постоењето на своите мисли и убедувања, релативно спремен на контра-реплики, анализатор на поголемото и посложеното кое би ја квантифицирало желбата на неговото постоење. Егоист во негирање, гладен за комплименти, лесно иритиран при игнорирање, и лесно игнорира при иритирање, тврдокорен антиконформист со контрадикторни моменти. Атеист кој се здобива со агноцистички сфаќања при намалена когнитивна активност предизвикана од суштества со релативно ниско интелигентно ниво дефинирано од дотичниот, заинтересиран за егзистенцијализмот и еволуцијата на човечкото размислување и трагател на апсолутната вистина иако претерано верува во релативноста на човечките размислувања.
Пост пишан од инат.