Поглупо чувство амин.
Настинка недолечена, фервекс, затнат нос, пак апови и безвезно чувство во нос. Недостиг, наелектризирана коса, лошо претчувство и книги, многу книги за да си го олабавам умот.
Може Амели ќе го гледам по стоти пат за да ми се смири срцево. Патетика, ама лична.
Не знам што планира универзумов да ми каже, ама се кладам дека ова е зошто горам на клада како вештерка во некој од минатите животи. Чудесно е како мазохистички сакаме да презираме нешто за само да се чувствуваме самите подобро. Тоа е таа несовршеност на простото човечко битие.
И за да не филозофирам напразно, само сакам да му порачам на светот - знам дека сакаш да гаѓаш со камења, со парчиња леб и мафини, но барем еден ден направи ме невидлива, сама, во штама, да се исплашам од себе!
Читам Ајнштајнови сништа од Ален Лајтман и има една неповторлива мисла која сум ја подвлекла со зелен маркер уште во 2010, а гласи вака - Најголемата трагедија на овој свет е всушност фактот дека сите сме Сами.
Да, секој се раѓа сам, така и умира.
Разликата е во тоа дали меѓу тие две точки ќе држиш некого за рака.
Јас, одбрав кого, само да видиме дали ќе ни остане топло.
Не ми замерувајте, полна месечина е, ми влијае јарецот во неа, пијам планински чај и посакувам и јас да бев на планина. Да стигнам до ѕвездите без да се претворам во прашина.
Заборавив всушност, што сакав да кажам.
Сакам да се чувам подобро, а некако изгледа не умеам доволно. Ми збоктиса. Ми фали неговиот допир, кој така далечно и топло звучи истовремено.
Јебига, функционирам во двојка, и овој индивидуализам, колку што ме прави своја, толку и нецелосна.
Не мора да разберете, бидете само случајни минувачи кои дознале нешто повеќе.
Лесно е да се суди, тешко е да се живее.
Но, убаво е истовремено. Макар со палома марамици набутани во ноздрите и волнени чорапи.
М