Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Глава ми прсна цел ден, нервози упм. И сеа некоја пијана квачка ми фрла петарди на улица, и пукаат со пиштол некој роденден слави од малово и се дери ко на концерт да е, давидддд срцеее моеее.
Ми иди да му излезам со воздушната и да ги испотепам сите.
ААА :mad: :mad: :mad:
 
Драга,
Малку да ти се пожалам за минатиот ден, Божиќ. Јас се сметам себе за атеист. Не верувам во Исус како син божји, ниту во било што поврзано со религијата. Но ја почитувам традицијата. За Бадник им правам чест на моите и кршам погача со нив, за Божиќ и Велигден и правам чест на баба ми и одам на ручек. Не се надевам на среќа од паричка, ниту обоеното јајце има некоја религиска симболика за мене. Знам да терам мајтап на сметка на религијата, да бидам ироничен и ред други работи (аватарот доволно говори...), но не можам да поднесам милитантен атеизам. Конкретно, професорката Ванковска ме изиритира... Не почитува Божиќ, традицијата е глупост, не сака да ја замараат со честитки за денот и ред други работи. Бива ли постојано да се нагласува колку е она најдобар атеист!? Јас ја почитувам, во многу работи се согласувам со неа, ама дај жено, олабави барем еден ден. Ако некој ти честита Божиќ без да знае дека си атеист не е знак дека те исмејува, туку дека те почитува како човек. На чело не ти пишува што си... Се бориме за свет без поделби, дискриминации а постојано си создаваме бариери...
Друго на што би се пожалил е вчерашната литургија или што и да беше тоа од страна на еден свештеник наш кој како централна тема не го зема раѓањето на Христос, туку, замисли, од каде до каде, геј браковите. На толку свет ден за нив они се замараат со работи кои, еве ти кажувам, неам чуено некој да ги побарал... Ама озбилно. Дај олабавете и вие малку со за вас небитни теми и посветете се на народот... за промена. Бреј, идиоти.

Небитно. Додека Ванковска мачкала паштета од инает, јас си имав богата Бадникова вечера, па и обилен Божиќен ручек. Тупан се направив. Сега ми треба движење за да се вратам во форма :)
 
*Blames himself for not having social life*
Constantly gets invited on a random parties.
*Refuses, doesn't want to leave the comfort zone*
-ME-
зефак ис вронг вит ми лејтли
 
Се осеќам ко недела да е. Ништо не ми се прави. Утепан ми е денот. Неспособна сум за ништо. Го слушам момаков цел ден и ова ми е најбољи кавер евр.

п.с да, и јас мислам дека треба да си ја смени фризурата.
 
Фатив 4 ка на лото,лифчето го скинав но сосема несвесно,сум го помешал со фискалната од продавница...by the way лифчето што ви го куцаат со вашите комбинации е бело и со црни печатени букви налик на фискална,ова за да не се буните:).Инаку како епилог и не ме погоди многу случкава оти само 200 денари беа во прашање,но што ако се работеше за повеќе пари...
Наравоучение,Не конзумирајте премногу алкохол за празници и никогаш под никакви услови не земајте фискална од продавница.
 
пишал тренеров на фејсбук: ајде од четврток на тренинг, да видиме кој колку јадел за празнициве, се мерам 72 кила сосе вентијага, изгледа ќе ги фатам на кондиција таму :icon_lol:
 
Не пијам...Не пушам...Легнувам во 21:00..станувам во 06:00..Тивок сум, мирен,повлечен и послушен..
Ама кога ке излезам од затвор.. се ке се промени.
п,с од еден пријател на Шеикот ! ХАХАХАХА
 
Драга
Имам чувство дека си ги победувам овие малериве што ме мачат постојано........издржувам полека но ме мачи до кога ќе можам вака....крај на јануари ќе смени многу работи, ќе заврши испитна (два усни испити), ќе одиме со баграта во Ниш на reunion што посебно ме израдува денес.....почнаа излегувањата да бидат чести, разочарувањата од простата раја по дискотеки кои имаат најглупи фори на пуштање што можат да се замислат стануваат смешни, лагите на дотината личност не престануваат, но барем посвесна сум за нив сега што ми ја зголемува самоконтролата.:pipi:
Денов конечно ми помина онака како што посакував.....цел ден во кревет релаксирано без никој да ме замара само јас, благо, лап топот и Criminal mind second season:). Од утре мора со бабите на пилатес ми треба физичка активност.....и фразата на неделата: Ако се сака се се може!!!
 
КајганО, еве и јас да ти кажам што сум забележал кај мене, бидејќи е многу битно сите сега да знаат!

Одсекогаш сум се ежел од дечиња-скејтери, со кока-кола во рака(или сличен безалкохолен пијалак), широки панталони, капче и бушава коса.
Секогаш ми идело да ги размлатам и расплачам од ќотек!
Не знам што е работата!
Дали сум нормален или да идам да размлатам некое крај Вардарон?
 
пишал тренеров на фејсбук: ајде од четврток на тренинг, да видиме кој колку јадел за празнициве, се мерам 72 кила сосе вентијага, изгледа ќе ги фатам на кондиција таму :icon_lol:
WT7MPP?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom