Драга,
Малку да ти се пожалам за минатиот ден, Божиќ. Јас се сметам себе за атеист. Не верувам во Исус како син божји, ниту во било што поврзано со религијата. Но ја почитувам традицијата. За Бадник им правам чест на моите и кршам погача со нив, за Божиќ и Велигден и правам чест на баба ми и одам на ручек. Не се надевам на среќа од паричка, ниту обоеното јајце има некоја религиска симболика за мене. Знам да терам мајтап на сметка на религијата, да бидам ироничен и ред други работи (аватарот доволно говори...), но не можам да поднесам милитантен атеизам. Конкретно, професорката Ванковска ме изиритира... Не почитува Божиќ, традицијата е глупост, не сака да ја замараат со честитки за денот и ред други работи. Бива ли постојано да се нагласува колку е она најдобар атеист!? Јас ја почитувам, во многу работи се согласувам со неа, ама дај жено, олабави барем еден ден. Ако некој ти честита Божиќ без да знае дека си атеист не е знак дека те исмејува, туку дека те почитува како човек. На чело не ти пишува што си... Се бориме за свет без поделби, дискриминации а постојано си создаваме бариери...
Друго на што би се пожалил е вчерашната литургија или што и да беше тоа од страна на еден свештеник наш кој како централна тема не го зема раѓањето на Христос, туку, замисли, од каде до каде, геј браковите. На толку свет ден за нив они се замараат со работи кои, еве ти кажувам, неам чуено некој да ги побарал... Ама озбилно. Дај олабавете и вие малку со за вас небитни теми и посветете се на народот... за промена. Бреј, идиоти.
Небитно. Додека Ванковска мачкала паштета од инает, јас си имав богата Бадникова вечера, па и обилен Божиќен ручек. Тупан се направив. Сега ми треба движење за да се вратам во форма
