Кајган,си ми ја затворил една тема,а се утепав барајќи
цела ноќ одговор во делата на Стале Попов,знам дека сум прочитал нешто таму за „и стреите плачат,кога ж......“
Инаку сите негови дела се полни со,адети,клетви,пцосци,здравици,поздрави и слично.
а еве што вели за овој случај,
-„ Шо е невесто Досто,шо толку издивна“
-таа се засрами пред нив и рече
-Ми е тешко оти ќе напушча село и селани,родно место и роднини.Токо,било та се рекло -„Кога се раѓа женцко и стреите плачат“.Господ знае каде ќе го одведат самовилите.
-----------------------------
Текстот е во оригинал,(не е грешка со буквите)
--- надополнето: 13 декември 2012 во 10:32 ---
Драга...поради работата, т.е. мојата прва смена и нејзината втора смена, на ладново времиште наместо да се гушкаме за да се стоплиме, ја сум приморан да пијам чај за да се стоплам.
и јас исто,што се мора не е тешко
но ај ден голем ,белќи ќе ме викне комшиката да и сменам осигурач-дај боже.....