Драга
Незнам што да ти кажам, премногу ми е тешко периодов, од сите страни ме притискаат, сите нешто сакаат, сите нешто земаат, а никој ништо не дава.
А и времево, искрено мразам есен и зима, не ми е по кејф.
Поминав низ многу и видов многу работи во мојот живот овие 19 години, и мислев дека работите ќе тргнат на подобро, но не е така, светот отиде по ѓаволите, а и луѓето се изопачија.
Сите сме луѓе, но ретко кој е човек, кога некој ќе го изговори ова изгледа толку површно, но колку звучи моќно и силно тоа е нешто невидено, а и навистина е така.
Се одалечуваме едни од други, а тоа е бидејќи луѓето градат ѕидови наместо мостови, но тоа е.
Јас факс - дома, дома - факс, петок, сабота едвај чекам да дојдат, живеам за нив.
Оваа недела на факс потписи земам, јас сум прва година, не ми прават проблеми, но читам по интернетов се собираат петиции бидејќи професорите си играле мајтап со студентите ( од втора, трета, четврта година ), не им давале потписи. Се е тоа однапред смислено, 500 денари е еден потпис, мора од некаде да се соберат парите, како божем малце даваме на почетокот на семестарот....
Од наредната пак, ми почнуваат колоквиумите тогаш ќе биде крш, главата незнам каде ми е.
Исто така од неодамна излегувам и со една девојка, која што верувам дека е поразлична од другите, која што не размислува површно како останатите, и која што се надевам дека ќе биде со мене
Тоа е уште да те поздравам со
и толку од мене за вечерва.
