Стварно неможам да ги сфатам овие од клас. Нешто мрчат за екскурзијата и нејќеле да одат, зошто? Затоа што била во Белград и била 7500 денари. Па што бе? Можат за адидас тренерки да се опрчат толку и повеќе, а за екскурзија неможат? Ма немој? Као демек они нашетаните, го понижуваат градот, еј што ќе праиме во Белград, што има таму ништо посебно нема итн. Да, не е Мадрид знаеме дека не е. Знаеме дека биле со нивните, АМА ШЕТАЊЕ СО РОДИТЕЛИ И ШЕТАЊЕ СО ДРУШТВО ОД ШКОЛО НЕ Е ИСТО. Овие моменти засекогаш ќе ни останат, тоа се тие средношколски години. Лани во Крушево исто пола клас отиде, неможеа да одвојат 500 денари што ги даваат на излегување. Море преку глава ми се веќе, они ако нејќат јас со друг клас ќе одам! Е така!