Мислам дека Очај е ментална состојба што луѓето никогаш не научија да ја кријат. Секогаш го наоѓа патот до површина и тоа о, така лесно се забележува. Преку различни знаци се манифестира ама секогаш ти е јасно дека станува збор за една иста работа наречена очај.
Очај е тешка болест. Многу битна, јака болест која претставува корен на душевните заболувања на 21 век. Можеби капитализмот не е креатор, но сигурно е катализатор бидејќи очајот достигна незамислива магнитуда. Постана чума. Чума од која врвот на социјалната пирамида се храни.
Порано за очаен велеле "Остај го на мира, тој очајува, мајка му почина неодамнa". Денес секој втор е очаен. "Пушти ја, нема кур видено со години", "Остај го, по цели денови дреме у кладилница" и ред други примери.. Со постојан нагласок на себството, егото достигна толкави размери што поранешниот краткотраен бед се претвори во денешниот долготраен очај.
Самата болест за да се излекува бара пред се признание. Свесност за ситуацијата. Моите баби и дедовци биле очајни само за проблеми преку кои релно неможе да се помине, болни деца, смрт, војна. Се лечеле со помирување и исплакување. Денес очајот го лечиме со чоколади, шопинг, тепање.. Егото не дозволува помирување, егото е политичар. Се труди очајот да го затскрие зад лажни и непотребни насмевки

, зад. "Idgaf" став, лажен "самоуверен говор на телото", тон шминка, игнорантност, 50 сантима бицепс, новчаник на маса и остало... Се создава еден затворен причинско-последичен круг, еден вортекс кој те усисува во амбисот, се создава црна дупка. Стравот од неприфатеност, поради покажување на слабост за издржување одреден реален бед, ја прави жртвата да ги затвори издувните вентили и пополека одвнатре да кородира, да се јадоса. Самото наше неприфаќање на бедот што ни се случува не прави болни, разболени од очај.
Се смешкаме демек сме хепи, надевајќи се дека ќе помине со тоа што луѓенцата од нашата екстерна природа ќе веруваат дека се е во ред со нас.
И... незнам што ќе се прави со проблемов.