Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга К.


Очајот бара нови жртви :). Кога ќе почнеме преку туѓите комплекси да ги лечиме своите, и ние сме зацапале колена-deep во истиот тој океан од очај. Прашање на време е кога ќе ни стигне до нос, да го помирисаме.


.... Smells Like Teen Spirit... :)


Некои баш и во тој период се чини се заглавени, the teenage rampage.
 
кога си очаен добиваш многу фикс идеи,очајот е добра работа,понекоггаш те тера да си ја рокнеш главата од ѕид,а понекогаш да ги реализираш фикс идеите.

Исто може по воља на очајот да седнеш на кафе со некоја грда дебела шо ни на сон не би и рекол здраво.

Очајно е да си очаен за нешто кога може да го имаш/направиш/решиш само треба да го мрднеш дебелиот газ.

....и времето надвор е многу очајно.....

Кога видов колку ми е очаен постот,паднав у депресија
 
Стварно неможам да ги сфатам овие од клас. Нешто мрчат за екскурзијата и нејќеле да одат, зошто? Затоа што била во Белград и била 7500 денари. Па што бе? Можат за адидас тренерки да се опрчат толку и повеќе, а за екскурзија неможат? Ма немој? Као демек они нашетаните, го понижуваат градот, еј што ќе праиме во Белград, што има таму ништо посебно нема итн. Да, не е Мадрид знаеме дека не е. Знаеме дека биле со нивните, АМА ШЕТАЊЕ СО РОДИТЕЛИ И ШЕТАЊЕ СО ДРУШТВО ОД ШКОЛО НЕ Е ИСТО. Овие моменти засекогаш ќе ни останат, тоа се тие средношколски години. Лани во Крушево исто пола клас отиде, неможеа да одвојат 500 денари што ги даваат на излегување. Море преку глава ми се веќе, они ако нејќат јас со друг клас ќе одам! Е така!
 
Драга Кајгана,
не знам како сум можела да се замарам со одредени луѓе у животов мој, да можам сеа ќе ги плукнам кога ќе ги видам. Тоа е, памет за друг пат. Али точно е тоа дека некои луѓе се сеуште живи само затоа што е нелегално да ги упукаш. Ааааааааа, многу се нервирам !!!!!!!!!!!!!!!
 
Кајгаи најдов друштво за на стадион:vozbud::vozbud:,него знаеш колку време неам идено на стадион:eek:,се имав заколнато дека додека е :гомце:преседател дека нема да идем.Епа кончено дојде време да идем и да ја бодрим нашата репрезентација,идемо јако:).
 
Денот ми го расипа еден одвратен фосил коj живее до моjот стан. Старчево има некои чудни комуњарски сфаќања и не дозволува да се постави оптички кабел во влезот, се плаши да не му се урне станот.. Му посакувам да замине од овоj свет што поскоро, амин!
 
Се разочарав од некои луѓе! Знаат колку ми е важен спортот, знаат колку го чекав денешниов ден да гледам Македонија-Хрватска и сите БАШ ДЕНЕС се договорени со друг или имаат некоја работа. А јас за нив сум трчала ваму таму, кога им бил потребен разговор сум излегувала и кога најмалку сум можела, сум излегувала кога воопшто не ми се излегувало, само за да разговараме, да им олесни, да бидат среќни или чисто да се забавуваме! А они? Па како не им е срам, знаат колку ми е важен денов. Тоа се вика другарство од корист, се едната страна ќе прави за другарството, а другата ќе си се лади и ќе те откачува со ефтини фори. Ама од утре друга песна ќе биде, вртам нов лист. Ќе видиме друг пат кога ќе им биде потребна другарка дали ќе излезам. Тогаш и јас ќе неможам поради некоја глупа причина!
Среќа си имам една другарка која во секое време е со мене и заради мене го префрли нејзиното излегување со нејзиното друштво место денес за утре. Не е ни некој преголем љубител на спорт, ама знае дека ЕДНОСТАВНО ПРЕМНОГУ МИ Е ВАЖНО и ќе дојде со мене! Ова нема да и го заборавам никогаш. Другарството не се докажува со зборови, туку со ДЕЛА! ;)

ИИ отидов јас да гледам Македонија-Хрватска <3 Ве сакам сите! :D
 
561646_10151128911744775_457322788_n.jpg


Чудна е мајката природа, зарем не?
 
Дури зачитав неколку пати го сретнав зборот очај низ темава, па морав да препрочитам да не сум ја утнал, наместо Драга Кајгана, некоја за Очај и тажаленки :)
Но here we are, уствари врска немам кај сме. Ден ко ден, се запишав официјално трета година на факултет. Вчера пишав за презентацијата но ништо батали, немаа асистентите компјутер, не бил дојден информатичарот, па така отсуствуваше мојата ,,убо" сработен презентација за Сократ каде во позадина си стоеше македонското знаменце, или кратко кажано ја дрвев од добро стоење без електрични помагала.
Дури си идев од Битолчето за Прилеп рандом си размислував па ми притекна како дилемиче мало кое се надевам дека добро го решив. Еве да го копирам од местото каде го запишав.
Ти се возиш со автобус, низ прозорчето гледаш некој човек како си ја турка колата оти му застанала, па прашањето ми беше, колкава е веројатноста јас како патник во автобус во движење, да му помогнам да ја запали колата? По некоја секунда ми светна, би требало да е иста колку веројатноста да застани(да се расипи) автобусот на истото место во истиот момент :)
 
ДК,

Не е лесно да бидеш домаќин и домаќинка. Секој ден повеќе и повеќе се научувам на тава. Мош време е да се спастрам и да најдам невеста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom