Драга Матена
Не знам дали дебилизмов во градов е некаква вироза која циркулира наоколу и наоѓа соодветни домаќини да се угнезди и расипе се живо и диво, или ги стрефува сите во одреден период од животот. Среќа ваљда имам јак имунитет. Што ќе беше со луѓево јас не знам ...
Во продавница идеш, ти даваат скината кеса, и не сакаат да ти ја заменат. Не била многу скината, сум можел преку улица со истата да стинам до дома без проблем. Барам нова, почна гласот да се покачува од другата страна. Извини што прашав госпоѓице, мислев како муштерија имам право на здрава и права кеса. Макар една векна леб сум носел во неа а и сум можел во раце да го носам до дома. Ама стварно извини. Се гледаме пак каде ти купувам производи каде што работиш ... на куков ден.
Здраво и драга колешке на факултет на која само и го знам името и презимето, а која не ми направила повеќе муабет од едно тивко здраво кога ќе се видиме по ходник (бидејќи, нели, ти си музичарка, се дружиш со јавни фаци, и си дел од елитата, па нема место за мене во твојот социјален живот), за да дознаам повеќе за тебе, па макар во академскиве ни услови да бидеме "пријатели", не дека ти или јас го бараме тоа еден од друг, ами општеството е такво, нели? Е, епа извини драга колешке што не те рецнав два посто кога вчера си ми го силувала инбоксот на фејсбукот, со твојот долг реферат (кој патем на мое големо неизненадување заврши со твое барање на мои материјали за испити), небаре сме BFF во живо. Не знам од каде ми дозна име, презиме и цела моја општа биографија, ама чим не сме дружеле повеќе од "здраво", ова веќе станува stalker ситуација, и не ти помага да јас и ти магично почнеме да правиме муабет или да ти ги дадам тие материјали за испит. Се гледаме на факс со мојата troll насмевка од уво до уво
.
Луѓе кои се навикнати друг да ги вози и да им изиграва шофер, ама буквално, секое искачање. Од недостаток на кандидати, извисени од редовните им шофери претходно, во ек на фрустрација и нервоза, ми се обраќаат со "
А ти бе, нели ќе полагаше возачка, што стана со тоа, зар уште ќе ја влечеш мајко му? 24 ќе правиш сега, зар не ти треба кола?". Тажниот факт е дека доколку беа колку-толку асални пријатели баграва, ќе се сетеа дека само една вечер претходно им објаснив зошто не е положено, и дека не ни имам кола за возење периодов, дури и да положам. Жалам што мислите со мене да си најдете нов шофер, и згора на тоа, last resort шофер. Небаре едната помисла не беше доволна. Add insult to injury. И за вас останува trollface кога ќе поминам со своја кола покрај вас а вие без свои положени возачки ќе итате до град пеш. Bon voyage.
Петочна вечер и пијани фаци. Не знам која е побудата, задоволството, или некоја луда потреба, некој да се направи камен пијан. Не зборам за опуштање и зезање, зборам пијан до степенот кога веќе станувате опасност за тие околу вас, кои платиле иста сума пари и превоз до местото како и вас. Во B2 веќе стана редовна појава како дел од подготвената програма на репертоарот, да има тепачки предизвикани од пијани лица. Воглавном машки (дали се чудите на фактов, припадници на шовин сапиенс генусот? Знам дека жените не се зачудени). И седам на клупиве на плоштад со друштво, обзервирајќи го феноменов (за нас е се уште феномен, за други рутина), и се чудам како никој не зел да има обезбедување кај локалов, не па да викне полиција. Јас обезбедување не видов, ако го имало, веројатно се придружиле на сериот со останатите блиски спектатори на настанов. А тој урлачот што ја предизвика тепачката замараше до 3 саат вечерта, на никој не му текна да го акне во такси и испрати дома. Може толку досадно е се во B2, што тепачките веќе станаа main event, и никој не се осудува да ги прекине. Дури и снимање со мобиљките има понекогаш. Повеќето што одат таму се разгалени мамини и татини миленичиња, и не виделе добар ќотек во својот живот. Некој на 30 и нешто години да се однесува ко напален, исфрустриран, и камен пијан тинејџер, е веќе жив срам. За присутните, за сопствениците на локалот, за тие што дошле со него, тие што го дружат и слично. Такви фаци се инстатно избришани од мојот социјален живот. Не ги разбирам оние што се трезни, што ги тргаат од тепачки, и ги соземуваат после и сл. Аман, не можете подобри другари да најдете?
Кога сме кај пијаните, проблематичните, и љубовта. Ме фати тешка нервоза вчера, зошто одма после B2, гледам еден пар (барем преодно може да поминат како пар), како се караат. Таа пијана и плаче, тој пијан и целиот Mister Aggressive врз нејзе. Ја тегне, ја влече, ја фаќа за врат, ја бутка, и витка раце, со својата глава нејзината ја мава, не баре со машко одмерува сили, а не женско. Ме фати таква нервоза и бес, што иако беше ладно, почнав да се потам од топло што ми стана. Не можев да издржам, станав да видам што се случува заедно со друштвото. Идам до кај девојката, ја прашуваме дали е се во ред, дали сака да се тргне со нас на страна, а таа "Не бе, се е океј, се е во ред, фала, фала", а целта во солзи, овој ја малтретира физички пред цел народ на плоштад, и ја прашуваш пак, таа истото, "се е во ред, се е океј, фала , благодарам". Тој па, некој разгален богаташ изгледа, "Ај олабави" вика. Што да олабавам? Сцени правиш на сред плоштад, па не го сакаш сега вниманието? Патем, дреч портокалови панталони не носат ни педери ко мене, не па некој стрејтер ко чупаков. Не ми беше јасна девојката, значи ти приоѓаат тројца во помош, а она продолжи со тој свињата. На крајот не знам што повеќе ме изнервира, дали типот, или типката што и покрај ситуацијата остана со него, да он си продолжи со малтретирањето во позатскриени простори .... Едноставно изгледа на некои девојки баш такво машко им одговара. Со среќа нека ви е. Нека ви се множат (тепачките де), гледам тоа ве држи заедно ко лепак.
На дебилизмот му нема крај се чини. Ова се само мал број примери од последниве два дена. Како вирално видео се шири по народов и наоѓа нови жртви. Господ нека ни е на помош, ако ова е иднината на Македонија, генерации кои ќе бидат следните шефови на фирми, бизнисмени, адвокати, професори, менаџери итн, итн. Ако воопшто стигнат до прагот на своите респективни кариери. Со вакво однесување освен врски кои ги имаат тато и мама нигде нема да фатат кариерни корења.
Извини за долгиот запис кајги. Може требаше цела нова тема за ова да отворам. Имам уште многу за јадење гомна. Не сум завршен, not by far. Може и ќе отворам, ако не ми се смачи толку од феноменот да не сакам ни да отворам тема за тоа. Или ако и мене ме фати дебилизмот на крај ...
Ајде, over and out.