Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги, бидна и таа работа од неа. Ме изнервира пропратно и натера да размислувам со долната глава, па да направам работа што додека сум со неа не ми ни падна на памет да и ја направам. Ама ако, нека вика дека сум дете, и нека тера со нејзиниот "зрел" мозок. Не сакам никого да бидам златна резерва, па и нема мира сабајле ме разбуди нашата песна на телевизор ја пуштија.

Нунеееееееееееее нунееееееееееееееееее :icon_lol:.

Милица драгица кајгица... си седам така си пијам кафица, слушам музика одприлика ова...
ставени на рипит да се вртат... и така седејки го гледам платното зафрлено у ќуш... и оно ми вика... што е бе што си се загледал во мене... и ја му викам... хм ќе те бојам...
И така после подолг период ми дојде инспирација и насликав на платно нешто што ми извираше у томе моменат... под дејство на песниве погоре и троа кафе повеќе нацртав нешто абстрактно, но интересно и мене лично ми се допадна, а го завршив целиот цртеш за пола саат, интересното е што имам слики што сум ги започнал, но не сум ги завршил и којзне дали ке ги завршам... ете кога ус цртање ке ти избега моментот на инспирација цртежот ќе остане недовршен освен со сила ако не го завршам, а така не работа јас... и то...:)
 
Сакал да предава зимава, ама немаше компјутери и фати си купи компјутери :icon_lol:, колку е будала значи еј ама и затоа го почитувам. Се спремаме за на фудбал му кажав на К. ако дојди до тепачка да иди со мене :icon_lol:, ако ми е саатов на рака скапо платен не е проблем :icon_lol:.

Волим плаво макар и фарбано :icon_lol:.

Книга имам пари немам :) Издавање јок, кај да му најдам 20 000 за 200 книги или 10 000 за 50. За неколку книги вадење за лично задоволство да не правиме муабет. Дотогаш чекај си, имало демек еден конкурс на локално ниво годишно(кој сум сигурен дека е во строга тајност), и три на државно ниво и то. Крај краева ја пишував за личен кеф. Сакам само моите домашни и блиски познајници да ги прочитаат глупостите на младачкиот ум, чисто ради да се најдиме во муабет. АЈ после биди паметен и пишувај да те видам :)
 
Драга Матена

Не знам дали дебилизмов во градов е некаква вироза која циркулира наоколу и наоѓа соодветни домаќини да се угнезди и расипе се живо и диво, или ги стрефува сите во одреден период од животот. Среќа ваљда имам јак имунитет. Што ќе беше со луѓево јас не знам ...

Во продавница идеш, ти даваат скината кеса, и не сакаат да ти ја заменат. Не била многу скината, сум можел преку улица со истата да стинам до дома без проблем. Барам нова, почна гласот да се покачува од другата страна. Извини што прашав госпоѓице, мислев како муштерија имам право на здрава и права кеса. Макар една векна леб сум носел во неа а и сум можел во раце да го носам до дома. Ама стварно извини. Се гледаме пак каде ти купувам производи каде што работиш ... на куков ден.

Здраво и драга колешке на факултет на која само и го знам името и презимето, а која не ми направила повеќе муабет од едно тивко здраво кога ќе се видиме по ходник (бидејќи, нели, ти си музичарка, се дружиш со јавни фаци, и си дел од елитата, па нема место за мене во твојот социјален живот), за да дознаам повеќе за тебе, па макар во академскиве ни услови да бидеме "пријатели", не дека ти или јас го бараме тоа еден од друг, ами општеството е такво, нели? Е, епа извини драга колешке што не те рецнав два посто кога вчера си ми го силувала инбоксот на фејсбукот, со твојот долг реферат (кој патем на мое големо неизненадување заврши со твое барање на мои материјали за испити), небаре сме BFF во живо. Не знам од каде ми дозна име, презиме и цела моја општа биографија, ама чим не сме дружеле повеќе од "здраво", ова веќе станува stalker ситуација, и не ти помага да јас и ти магично почнеме да правиме муабет или да ти ги дадам тие материјали за испит. Се гледаме на факс со мојата troll насмевка од уво до уво
174869_109389759190817_390401903_q.jpg
.

Луѓе кои се навикнати друг да ги вози и да им изиграва шофер, ама буквално, секое искачање. Од недостаток на кандидати, извисени од редовните им шофери претходно, во ек на фрустрација и нервоза, ми се обраќаат со "А ти бе, нели ќе полагаше возачка, што стана со тоа, зар уште ќе ја влечеш мајко му? 24 ќе правиш сега, зар не ти треба кола?". Тажниот факт е дека доколку беа колку-толку асални пријатели баграва, ќе се сетеа дека само една вечер претходно им објаснив зошто не е положено, и дека не ни имам кола за возење периодов, дури и да положам. Жалам што мислите со мене да си најдете нов шофер, и згора на тоа, last resort шофер. Небаре едната помисла не беше доволна. Add insult to injury. И за вас останува trollface кога ќе поминам со своја кола покрај вас а вие без свои положени возачки ќе итате до град пеш. Bon voyage.

Петочна вечер и пијани фаци. Не знам која е побудата, задоволството, или некоја луда потреба, некој да се направи камен пијан. Не зборам за опуштање и зезање, зборам пијан до степенот кога веќе станувате опасност за тие околу вас, кои платиле иста сума пари и превоз до местото како и вас. Во B2 веќе стана редовна појава како дел од подготвената програма на репертоарот, да има тепачки предизвикани од пијани лица. Воглавном машки (дали се чудите на фактов, припадници на шовин сапиенс генусот? Знам дека жените не се зачудени). И седам на клупиве на плоштад со друштво, обзервирајќи го феноменов (за нас е се уште феномен, за други рутина), и се чудам како никој не зел да има обезбедување кај локалов, не па да викне полиција. Јас обезбедување не видов, ако го имало, веројатно се придружиле на сериот со останатите блиски спектатори на настанов. А тој урлачот што ја предизвика тепачката замараше до 3 саат вечерта, на никој не му текна да го акне во такси и испрати дома. Може толку досадно е се во B2, што тепачките веќе станаа main event, и никој не се осудува да ги прекине. Дури и снимање со мобиљките има понекогаш. Повеќето што одат таму се разгалени мамини и татини миленичиња, и не виделе добар ќотек во својот живот. Некој на 30 и нешто години да се однесува ко напален, исфрустриран, и камен пијан тинејџер, е веќе жив срам. За присутните, за сопствениците на локалот, за тие што дошле со него, тие што го дружат и слично. Такви фаци се инстатно избришани од мојот социјален живот. Не ги разбирам оние што се трезни, што ги тргаат од тепачки, и ги соземуваат после и сл. Аман, не можете подобри другари да најдете?

Кога сме кај пијаните, проблематичните, и љубовта. Ме фати тешка нервоза вчера, зошто одма после B2, гледам еден пар (барем преодно може да поминат како пар), како се караат. Таа пијана и плаче, тој пијан и целиот Mister Aggressive врз нејзе. Ја тегне, ја влече, ја фаќа за врат, ја бутка, и витка раце, со својата глава нејзината ја мава, не баре со машко одмерува сили, а не женско. Ме фати таква нервоза и бес, што иако беше ладно, почнав да се потам од топло што ми стана. Не можев да издржам, станав да видам што се случува заедно со друштвото. Идам до кај девојката, ја прашуваме дали е се во ред, дали сака да се тргне со нас на страна, а таа "Не бе, се е океј, се е во ред, фала, фала", а целта во солзи, овој ја малтретира физички пред цел народ на плоштад, и ја прашуваш пак, таа истото, "се е во ред, се е океј, фала , благодарам". Тој па, некој разгален богаташ изгледа, "Ај олабави" вика. Што да олабавам? Сцени правиш на сред плоштад, па не го сакаш сега вниманието? Патем, дреч портокалови панталони не носат ни педери ко мене, не па некој стрејтер ко чупаков. Не ми беше јасна девојката, значи ти приоѓаат тројца во помош, а она продолжи со тој свињата. На крајот не знам што повеќе ме изнервира, дали типот, или типката што и покрај ситуацијата остана со него, да он си продолжи со малтретирањето во позатскриени простори .... Едноставно изгледа на некои девојки баш такво машко им одговара. Со среќа нека ви е. Нека ви се множат (тепачките де), гледам тоа ве држи заедно ко лепак.

На дебилизмот му нема крај се чини. Ова се само мал број примери од последниве два дена. Како вирално видео се шири по народов и наоѓа нови жртви. Господ нека ни е на помош, ако ова е иднината на Македонија, генерации кои ќе бидат следните шефови на фирми, бизнисмени, адвокати, професори, менаџери итн, итн. Ако воопшто стигнат до прагот на своите респективни кариери. Со вакво однесување освен врски кои ги имаат тато и мама нигде нема да фатат кариерни корења.

Извини за долгиот запис кајги. Може требаше цела нова тема за ова да отворам. Имам уште многу за јадење гомна. Не сум завршен, not by far. Може и ќе отворам, ако не ми се смачи толку од феноменот да не сакам ни да отворам тема за тоа. Или ако и мене ме фати дебилизмот на крај ...

Ајде, over and out.
 
Ова е таа тема која служи како исповедалница, епа Попе Драга Кајгана да ти се исповедам:

Веќе подолго време ми е мука од луѓе кои што изведуваат светци, како се колнат во се живо и диво дека не се идиоти и дека нема да те зафркнат, дека ќе биле верни другари и тако даље.. Еве една година како завшив средно многу супер ни иде со контактите, јас сум таа будала што секогаш се обидував да одржувам контакти со и тие малце другари кој ги имав, ама еве ти таа од средно што се правеше "другарка" една година ја нема, избегнува, се прави фраерка- а и до пред една недела дознав дека се верила ( да не беше FaceBook, немаше да знам дали е жива ), секако јас бев таа будала која трчаше во ниедно време да ја теши, паѓајќи на ефтини пиказни..
Обидувајќи се да најдам некои добар другар, на кој ќе можам да му кажам сё без страв дека ќе дознае некој, може да кажам дека пробав на сите начини и не знам што да правам повеќе. Почнувам да мислам дека сум ментално заостаната личност, за која нема спас, а планирам еден ден веќе како што тргнало и самиот да идам да се пријавам во Бардовци, да знам дали проблемот е во мене или во општествово.. Барем ќе знам со сигурност кои е луд!
Но тоа не е сё, почнува да ме нервира и состојбава и народов во државава. Имено тие кој што цела година се жалат како немаат пари секоја година се е*ат и сончаат на грчките плажи, идат на шопинг во Солун, секоја вечер идат во град. Епа добро де па нели немате пари како плаќате во град и со кои пари скитате? Навистина, многу работи ми се навистина нејасни..
Има и полно работа во држава, сестра ми магистар по деловно право ене ја по 12 саати скапува во кујна, за никаква плата, јас 6 месеци барам работа и ете ја најдов .!. .. Со средно гимназиско образование и можеби ќе најдам. Се утепав од праќање CV-a, не знам што повеќе да правам, во која дупка да се закопам.
Не знам што ме очекува утре, но не се надевам на добро.. Само сега не ми викајте надевај се на добро може ќе се случи нешто, па гледам се случи бетар!... Може вака ќе разбијам малер.
И некој нема да разберат, ако повеќе пати повторат една лага нема таа да стане вистина! Иначе јас еве конкретно една година заглавив во овој виртуелен свет, не знам што видов тука добро ама па и не ми се напушта... Ма иди у к**, колку работи ми останаа недопишани!

До следо видување, будалата Hip.Hop_MKD
 
И така си помина уште еден ден. На љубовно поле ништо, ама барем Челзи победи. Секоја почит до навивачите на ВБА за песната упатена до Антон Фердинанд: Еден е Џон Тери!
JT Captain, Leader, Legend
А Супер Френки му збучи голче :)

552600_424487634278847_152842620_n.jpg

Ne mozam da gi sfatam maskive so imaat strav od vozenje so avion. Pitzki ♥
Немаат страв да се возат во авион, туку им е страв дека авионот би паднал :)
 
Ова е таа тема која служи како исповедалница, епа Попе Драга Кајгана да ти се исповедам:

Веќе подолго време ми е мука од луѓе кои што изведуваат светци, како се колнат во се живо и диво дека не се идиоти и дека нема да те зафркнат, дека ќе биле верни другари и тако даље.. Еве една година како завшив средно многу супер ни иде со контактите, јас сум таа будала што секогаш се обидував да одржувам контакти со и тие малце другари кој ги имав, ама еве ти таа од средно што се правеше "другарка" една година ја нема, избегнува, се прави фраерка- а и до пред една недела дознав дека се верила ( да не беше FaceBook, немаше да знам дали е жива ), секако јас бев таа будала која трчаше во ниедно време да ја теши, паѓајќи на ефтини пиказни..
Обидувајќи се да најдам некои добар другар, на кој ќе можам да му кажам сё без страв дека ќе дознае некој, може да кажам дека пробав на сите начини и не знам што да правам повеќе. Почнувам да мислам дека сум ментално заостаната личност, за која нема спас, а планирам еден ден веќе како што тргнало и самиот да идам да се пријавам во Бардовци, да знам дали проблемот е во мене или во општествово.. Барем ќе знам со сигурност кои е луд!
Но тоа не е сё, почнува да ме нервира и состојбава и народов во државава. Имено тие кој што цела година се жалат како немаат пари секоја година се е*ат и сончаат на грчките плажи, идат на шопинг во Солун, секоја вечер идат во град. Епа добро де па нели немате пари како плаќате во град и со кои пари скитате? Навистина, многу работи ми се навистина нејасни..
Има и полно работа во држава, сестра ми магистар по деловно право ене ја по 12 саати скапува во кујна, за никаква плата, јас 6 месеци барам работа и ете ја најдов .!. .. Со средно гимназиско образование и можеби ќе најдам. Се утепав од праќање CV-a, не знам што повеќе да правам, во која дупка да се закопам.
Не знам што ме очекува утре, но не се надевам на добро.. Само сега не ми викајте надевај се на добро може ќе се случи нешто, па гледам се случи бетар!... Може вака ќе разбијам малер.
И некој нема да разберат, ако повеќе пати повторат една лага нема таа да стане вистина! Иначе јас еве конкретно една година заглавив во овој виртуелен свет, не знам што видов тука добро ама па и не ми се напушта... Ма иди у к**, колку работи ми останаа недопишани!

До следо видување, будалата Hip.Hop_MKD

Нормален си друже ич не се секирај само проблемот е што си малер т.е. немаш среќа ............. и јас(иако сум неколку години постар од тебе)сум ти исти ку*ац како тебе едно 70/80% според она што си го напишал, моите дома(татко, мајка, сестра)како прво не ме рецкаат воопшто во последниов период незнам зашто, ништо лошо не сум направил, примерен сум во секој поглед, не сум насилник, не сум криминалец, не сум алкохоличар, не сум коцкар, не сум наркоман... напротив сум доста повлечен, мирен и примерен како човек уште од мал и доста сум скромен и штедлив, ама пак не ме ценат воопшто, работам пет години ама планирам да напуштам бидејќи во последниве месеци ми намалија плата и одам за џабе на работа, колку да се рече дека работам, но за џабе ............. и ред други работи, за пријатели вистински денеска тешко тоа, секој по својот пат... и ред други работи/проблеми, абе тоа ти се вика малерство, добро е барем што знам дека има и други малери како мене, алелуја, не сме сами има и други само што несакаат да си признаат !
П.С. Добро е барем што човек на форумов малку ќе се олесни, ќе пише нешто !
(y)
 
Овие и добро да направам дома не ме пофалиле, за лошо ќе зинат ќе зборат со години. Што и да направам не им чини на нив. Ни пијам алкохол, ни газирани сокови, ни искачам, ни трошам за мобилен, ни трошат за цигари на мене, ни сум убил човек, ни збори некој лошо за мене, ниту сум украл од некој, ни сум бил затвор итн.. Да ме лишат од уште интернетов и ќе може да си приумрам слободно. Не дека имаат некој трошоци на мене, дури чуствувам дека некогаш и сакаат да ме избркаат ми викаат па за тебе работиме... Што за мене? Ништо... Повлечен сум последниве неколку години до даска, скоромен сум, не би можел да му направам на некој лошо или да му наштетам, сакам да се дружам, да слушам рап, да шетам по патека, планини, криво ми е што немам повеќе велосипед.. Ама ете и пак на никој не му чинам..:( Признавам физички не сум привлечен, немам и пари ама што има врска тоа?
 
Такво е времето денеска, самиот народ, самата држава, самиот систем, општеството ............... или имаш се или немаш ништо ................. јас иако во повеќе области во животот сум батал, сепак првенствено гледам економски да бидам добар, за другите работи отом-потом, сега за сега работам последниве 5 години и собирам нешто пари настрана, нешто да ми остане за црни денови знаеш, оти моиве работат али се тешка копиљаана и ни цент не ми даваат веќе одамна, а знаат дека работам ептен за ситно, али ако... абе јас добро си знам за себеси ............. додека живеам со моиве од мене човек не бидува, да се преселам, не сум способен финансиски, така да сакал нејќел морам да ги трпам !
А за другите работи ............ физички не сум којзнае што, обожавам шетање по природа, не сум кафански човек, не сум многу по друштва такви работи, не сум коцкар, алкохоличар, наркоман, е сега имам еден порок тоа е пушењето, зависник сум од цигари и кафиња, слушам секаков тип на музика(освен народно и турбо-фолк), зависник сум од компјутеров и интернетов, како и од ТВ, уживам возејќи кола, ама ретко ми ја даваат дебиливе домашни и.т.н. и.т.н. што друго да кажам !
 
Немаат страв да се возат во авион, туку им е страв дека авионот би паднал :)

И јас немам страв од змија. Имам страв змијата да не ме апне.
Не те цитирам да ти пишам очигледното, те цитирам да ти пишам очигледното.

:pos:

Драга Кајгана, времето е уште ОК.
 
Драга

Утре ќе се изнагледам фудбал :vozbud:

Њукасл - Манчестер Јунајтед

Барселона - Реал М. или Милан - Интер овие наизменично ќе гледам!

:vozbud:
 
И јас немам страв од змија. Имам страв змијата да не ме апне.
Не те цитирам да ти пишам очигледното, те цитирам да ти пишам очигледното.

:pos:

Драга Кајгана, времето е уште ОК.
:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom