Некои си имаат време на претек, а ја не можам крај со крај да сврзам деновиве.
Главава веќе престана да ме боли не од шо демек спијам, туку од шо си се навикнав на болката. Абе да не можело пола саат да се најде да се дремне на ниту едно место, освен тек - тук на некое предавање. Се’ нешто во последно време ми се сведува на минимуми, и никако на вложување малку повеќе енергија за нешто во златна средина. Треба да започнам да го организирам времето - и онака малку го имам, лесно би требало да ми оди организацијата.
Кафичине не знам од кога ме немаат видено веќе, и келнери/келнерки шо ме знаеа подобро од нивните дома, ме имаат заборевено веќе. Кога сме веќе кај тоа, нес дома строго забрането од проста причина што дома не се имам свртено за да седнам, не пак да зеам едно убаво, ладно, матено нес со млеко. И еве сега, наместо да опишувам што немам пиено одамна, можам да станам и да го направам кафево.... [отидов да праам кафе, продолжувам со постов подоцна]
Ете, несот до мене, тастатурата и мониторот пред мене, маусот десно од мене, прозорите зад мене, столчето под мене... Претерав.
Ај, да одам да разглеам уште нешто што има по нетов за да сепак колку - толку бидам ап ту дејт со информациите што се шират наоколу, за да не блеам ко теле мавнато со летва ко ќе се праат општи муабети.