Па, не е дека ќе направам нешто спектакуларно, ама некако премногу морничаво и напорно почна да станува тоа што лудаците решија да ме манијачат каде и да одам и каде и да седнам.
Што направија особено за мене, освен што секојдневно ми го поткреваа егото додека се надеваа дека ќе дознаат каква боја на гаќички носам токму тој ден и дали се танга или некоја покласична варијанта. Што направија навистина за да заслужат да го споделам тој интимен момент со нив? Ништо, апсолутно ништо, а јас апсолутно немам намера да изигрувам Дева Марија кон нив повеќе, бидејќи некој навистина знае како да го извади најдоброто од мене, а тоа сигурно не се купчето себични напалени свињи овде.
Една жена има потреба од цврст, решителен и упорен маж. Оние коишто мислат дека со својот шарм, кој најчесто не го поседуваат, ќе добијат квалитетна девојка, речиси гарантирано ќе завршат на отпадот, со некоја којашто ја заслужиле, која ќе биде одвратна и нема да ја сакаат. Јас, за среќа нема да бидам дел од нивните животи, не затоа што тие не сакаат, туку затоа што јас нема да го дозволам тоа.
Престанете да бидете одвратни, заборавете ме, зашто јас ќе ве заборавам прилично брзо.