Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Ќе дојде денот и ние да се радуваме.
 
Драга Шенка,
Пресреќна сум што имам препознатливо, уникатно, готско и впечатливо лого. Профи! Поздрав до креаторот. Сакам да кажам дека во случај Вештица да се ставила на интернет, ја поздравувам, сакам, љубам, воршипувам и така натаму и ми фали!
Некако мислам дека од она што не го гледаш, не можеш ни да се разочараш, за разлика од она што ти е пред очи.
 
Драга

Чоколадна боја високи штикли и бели пантолони.
Глисер и сунчање топлес.
Сергеј Четкович и алкохол.
Претежно повеќе парови, ама кој ти е крив кога му се такви песните.Иако беше многу романтично,преубаво.
Вештицата најубо да си проверува сандуче со порачиња.И ми фали како и на момичево горе.
Струга и Струмица се феноменални
Егоизмот достигнува ненормални размери и многу работи стануваат за кратко време заборавени.
Anyway...
 
Високи штикли чоколаадни србинки се вртам ако треба ии по стопати. А поштуем и нинанајни исто така
 
Драга,

викат, дневникот водат само осамените. Епа погоди шо ? Јас водам дневник ...


†GODLIKE†
 
Дарлинг,
Home sweet home.
 
Зашто од се ми е преку глава?!
Зашто ми е тесно и се осеќам дебело у шорцевиве?!
Зашто неможе да живеам без да ме контролираат и да ме прашуваат за се едно нешто „Зашто вака, зашто така?! зашто мора таму? Зашто ова, зашто она..“
Ми се иде да им се наљутам на сите околу мене и да не им зборам цел живот!! На другаркиве не им се слушаат моиве проблеми пошо ги отеков! Баш ги боли!
И тие на нерви ми идат! Памет ми солат, а не сум побарала од нив нит совет, а нит памет да ми солат -.-
Ми стига порака „Кој е?“ ШО ти е гајле кој е!? Тебе да не ти пишаа?! Или, незнам, сум пишала на честитка од роденден како сме избегале од час и класната ни била љута и овие „Си бегала од часови?“ ПА ДА СУМ БЕГАЛА ЌЕ ИМАВ НЕОПРАВДАНИ!!!! Финатата е шо часот не се ОДРЖА!! НИЕДЕН неоправдан неам, а таа ми вика „Си бегала од часови?“
И ова изгореново на фацава ме нервира неможам ко чоек да се насмеам, морам намќор да бидам пошо ужасно ме боли фацата коа се смеам!!

Дали е ова ПМС?
 
Бејб,

на гости ми беше другар со кој се немавме видено три години. Направивме добар муабет, се изнасмеавме, и то.
Сега ќе идам да спијам, срам да ми е.:P Ми се поремети сонот ептен, се случува и на сред бел ден да си легнам, у 5 сабајле да станам.
 
драга
више со нив излегување никогаш.
при здрав разум будала те прават :tapp: еве сега ми изведуваат нешто.........не ми е мака што ме лажат,мака ми е што мислат дека им верувам.
ма не ги рецкам.
ај ча-0

 
Драго кајган4е,абе многу комарци има
 
Знаеш ли што статус залепив денес на Фејсбук..не се секирај сега ќе ти направам апдејт.
Кога ќе престанеме да идеализираме,ќе престанеме да се заљубуваме.
Малку филозофски сум настроена вечерва(а кога не сум...),се прашувам себеси целиот живот дали е можно човек да се сака без призмата на идеализацијата.Јас на пример секогаш кога ќе се занесам по некоја кутра душичка(веројатно секогаш стигнував до занес никогаш до вистинска љубов) секогаш ја идеализирам од некој аспект,аспект кој е доволно добар за да ги покрие маните.На пример,фин човек,паметен ,духовит,карактерно цврст...притоа се бришат маните како...напати досаден,неизживеан,детинест...
И мене некој тоа ми го правел знам.Значи љубовта се темели на идеализација,затоа и е слепа нели?
Знаеш ли што е најстрашното,што ако човек доволно долго гледа?Ќе вроди ли тоа скептицизам доволно цврст за никогаш да не стане слеп?Ги спуштив сите карти освен една,неа некако не ми остава ,а е надвор можеби од разумно размислување,но што е разумно да му се невиди.Судбинската карта.Неа некако потсвесно и свесно секогаш си ја држам како ас во ракавот.Или таа ме држи мене....навистина не знам...
Како и да е,тој што бил доволно среќен да го почувствува она за што пишувам има поздрав од мене.
Сите останати...Како ви одговара така,ако сакате да ви поделам по една судбинска карта а?
 
Драга
после сите нервози денес, вечерва испадна баш супер, Кубалибре на плажа, кубанска музика, езеро, вотка и феноменален поглед.

Грејт
 
Wonderful life lady...уште ме држи убавото расположение (Y)
Ај и јас да ти се пофалам, бев во Велес кај твоите бивши кајганџии...супер помин :pipi:, само што изгубив во бриџ :kesa::nerv:
Деновиве се изнашетав, а мајке ми ќе си продужам со тоа темпо :) така да утре идам на одмор :)

:salut:
 
ДраКа


Надвор полека се разденува,мене око не ми се склопува.
Ич не ми се спие,а сабајле излеа ќе треба рано да стануем :(
и пошо стварно нез шо да ти пишам друго,сеа ќе турам точка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom