T
Tetro
Гостин
ДК
одам.
Чао
трета смена, ма. глава ме боли, ќе помине.
ај.
одам.
Чао
трета смена, ма. глава ме боли, ќе помине.
ај.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


) и ќе навлезам во третата деценија од својот живот. Во намерата да бидат гласно изустени, ме спречува некоја кнедла во грлото, но кога ќе бидат тивко изговорени звучат така што во нив не би поверувале ни камењата. Сеуште го чувам првото пенкало кое мајка ми, ми го подари на првиот школски ден. Веќе не служи за ништо, но како да значи се. Тринаесет години подоцна сведочи за искршените столчиња, за исшараните клупи, за детскиот џагор кој последниов период оживува и ги опседнува моите мисли. Тоа е громогласна тишина, која сеуште се трудам и учам да ја замолчам со зборови. Мајка ми беше човек со резерва, иако живееше во минатото, скоро никогаш не го споменуваше. Јас растев со убедување дека тоа претекување на времето, после низа на лоши ситуации, светот на тишината, на очајот и бедата, на скриените рани е нормална работа ако се крие негде скришно во душата. Една од стапиците на детството е тоа што е неопходно да се сфати нешто, за да може да се почуствува. Но, кога разумот е способен да го сфати тоа што се случило, раните на срцето се веќе премногу длабоки.
еднаш по грешка ќе ме пратат некаде да завршам работа и сите дознаваат за моето добро дело хах. Треба да почнам да делам автограми сега :back: Денес додека ги прегледував проектите си мислев каков би бил мојот живот кога ќе остарам? Дедо ми имаше прекрасен живот, беше сакан, ама и сакаше со цело срце. Сакам да имам многу деца, значи и многу внучиња. Би било прекрасно секое утро да пијам кафе или чај на тераса заедно со внучињата пред да тргнат на школо додека доручкуваат. Дедо ми ни велеше дека нема поубав момент. Есенско или пролетно сонце е најубаво, не е многу силно, туку пријатно грее, дечките спремни за на школо џагорат на маса додека доручкуваат и јас си уживам додека ги гледам. Мајка ми вика дека можеби е полесно да чуваш внуци дека друг им го бери гајлето, ама што знам дали е баш така. Според мене, староста е најубав период! Најважните работи во животот ти се решени и треба само да уживаш. Можеме да ја користиме мудроста која сме ја стекнале низ годините, смирени сме, мислам растеретени од проблемите кои ги имаме сега. Како минуваат годините не се нервираме толку лесно, туку посмирено си го живееме животот, се радуваме на ситници кои на крајот на краиштата се многу поважни, ама касно го сфаќаме тоа. Баба ми викаше додека си млад (додека не си во брак) се радуваш на одредени работи, за кои мислиш дека се најважни. Но, кога ќе имаш деца тогаш почнуваш вистински да се радуваш. Се радуваш на животот, се радуваш на секој ден поминат со луѓето што ги сакаш. Иако по природа сум многу весела личност, приметив дека навистина многу работи ми недостасуваат за да бидам целосно исполнета. Најважните работи треба да се средат наредниве неколку години, ама не се брзам, оти има време. Што е мое ќе си дојде, порано или подоцна, мое си е! Ние Македонците можеби не живееме кој знае колку раскошно, ама барем во животот сме сакани и чувани. Сакав да одам на одмор на планина демек да избегам од овде неколку денови, ама се изјаловија работите. Порано кога нешто не ми одеше по планот се нервирав многу, сега воопшто не се замарам со тоа, штом не се случило онака како што треба не кревам паники. Седнувам ја барам грешката или причината поради која не е онака како што според мене требало и продолжувам понатаму. Премногу работи се случија порано отколку што требаше, ми беше тешко, многу тешко. Кога не очекував се случија толку многу работи кои ме изместија од колосек. Но, што ли си мислев у пм? Знаев дека ништо во животот не се случува со најава. Затоа е живот! Сега откако сфатив некои работи, подобро кажано откако помина време сфатив дека треба да ја смирам топката. Можеби затоа што сфатив некои работи се олабавив малку и навистина вака ми е поубаво. Последнава недела ми беше од крајност во крајност. Ме нервира кога нема средина, но си помислив, ако има средина тогаш нема да научам ништо. Повторно ќе удирам со главата в ѕид и ќе се трудам да променам нешто што не се менува. Кај себе приметив една особина за која не знаев дека ја имам, ги притискам луѓето повеќе отколку што треба. Очекувањата кои ги имав од луѓето беа огромни. Луѓето кои навистина ми значат сум ги притискала со цел да се средат некои работи, но ако на некого му е комотно така ОК, што у пм сум мислела да променам?! Некои луѓе не можат да работат, не можат да размислуваат, не можат да расудуваат правилно кога се под притисок. Читав еден превод на Сенека и ме потсети на премногу работи кои сум ги направила и кои сум ги рекла, а не се моја одлика, не се во мојата природа. Работи кои несвесно сум ги правела без да размислам за последиците. Интересен е моментот кога сфатив дека имам премногу амбициозни планови за другите, а тие сакаат одмор зашто ептен сум ги напнала. Затоа е убаво да си стар. Си го поминал делов, си сфатил каде си погрешил и си ги елиминирал работите кои кај тебе не ти се допаѓаат. Кога си стар никогаш не си кнап со време, секогаш имаш време за се` и сешто. Точно знаеш да си направиш план ем денот ќе ти помине, ем ќе ти биде различен од претходниот, ем што е најважно СРЕЌЕН СИ, го правиш она што го сакаш. Живееш онака како што сакаш. Сфаќаш дека оној што те сака, те сака онаков каков што си, не се труди да те промени, не се замара со твоите маани, не ти се лути за работи за кои ни самиот не е сигурен, туку баш напротив. Те сака баш поради она што си вклучувајќи ги сите твои добри и лоши страни и кога ти е супер денот и кога е тапа, и кога се смееш и кога плачеш. Кога си стар, не ти е гајле за ништо друго освен за среќата на оние кои ги сакаш. Нема ништо поубаво од тоа да бидеш искрено и безрезервно сакан.