драга, о моја најдрага .
денес сум во жута точка, ама заеби тоа. Само еден ден пред да одам на одмор ме болат крајниците, едвај голтам кога јадам
.. со себе ќе носам еден куфер апчиња и ќе се колкам таму секој ден, а за алкохол место нема да има. Ама ако, и онака во последно време сум направена како некоја стара пензионерица и станувам секој ден во 8 часот така да нема да ми пречи и да не пијам воопшто таму. Ќе одам на плажа одсабајле, ќе се печам под сонце, ќе читам книги, ќе решавам судоку... - оооо колку прекрасни книги ќе понесам со себе - уште еден куфер со книги ќе носам : ))
...
друго.. последниве 2-3 дена имам некое лошо претчувство и нешто ме стега во градиве. и секогаш кога е вака нешто се случува да си е*ам гатачот да си е*ам. интуиција невидена имам и тоа само за лоши работи. Нема врска то шо сум во ПМС, сигурна сум дека нешто лошо ќе се случи. Ме стега нешто во градиве, fuck! имам чувство дека целиот одмор ќе ми биде едно големо срање. ама ајде, се поминува.
...
трето, секојпат кога почнувам нешто убаво во животот си викам дека е крај на повеќемесечниот пекол во кој живеам ама само се залажувам. битката на една будала со повеќе будали нема да заврши така лесно...
..
и аман, аман! колку и да се трудам да ги веректисам црните мисли од глава не можам. тие се тука и ме јадат, ми ја јадат душата..
.. заминав кајги, ќе ми недостигаш 2 недели, ама ајде, и онака сум осамена...
п.с ветувам, ветувам дека ќе ги намалам цигарите на одмор! и дека ќе одам на Ван Гог и на сите можни свирки шо ќе постојат . Ветувам, за да ми биде подобро, за самата себеси
