Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана

Не да се фалам, ама многу сум активна у послено време ххехе 2 дена по ред трчам и сега ужасно ме болат нозете, а да не ти расправам па колку ного ми се јаде,саа ќе одам едно чоколадно млекце да шмркнам. Дигах и тегови ама еб*го, ного тешка работа.Мојте рацички неможат да се оптеретуват толко. Си внимавам на исхраната, гледам шо повеќе да внесувам,а шо помалко да истрошам. Почнааме со предавања, прилично досадно прилично интересно јбг тва е тва.
Ах да откритие на векот, мислам оти цимерката ми е лезбо :kesa: А некојпат стварно мислаш дека знааш некој,ама ја...не било тка. :tapp: Поука: да си ќуташ најарно е изгледа. :smir:
 
Драга

Денес одејќи на мермерот, покрај продавниците, загледана во излозите размислував за тоа колку пати во животот човек несвесно ќе скршне заради некој рандом човек. Нормално нели за да не се судриш... нозете те одвлекуваат во друг правец и веќе си заборавил зашто си дошол. Можеби тоа е причината зашто и си заминуваш со друга купена работа во рацете. Дали е вистинската, којзнае ?! Каква и да е, ќе се навикнеш на нејзе, животот ќе ти пружи исто толку прилики да сфатиш дека е погрешна, но и исто толку да сфатиш дека е вистинската. Се до следниот пат кога најверојатно пак ќе скршнеш, надевајќи се дека овој пат ќе наидеш на вистинската.

Сите губат на овој или на оној начин. Јас губам, некој добива, тој губи јас добивам, некој трет се заебува или се усреќува сеедно. Муабетот ми е дека сите губат, без разлика што и да кажат, веќе ми е преку глава да ја слушам истата реченица- јас не губам ништо. Се што е создадено е создадено на тој принцип. Губиме личности, губиме пари, губиме време, губиме предмети.... И некој среќник ќе се најде во вистинскиот момент, во вистинско време и ќе го собере сето тоа. Пред наши очи или зад наш грб, тој веќе го собрал, па ти после теши се со помислата ехх памет за друг пат. Поентата е дали ќе има друг пат..... ахх таа утеха, ќе има, животот секогаш ќе пружи, ете и јас се тешам погоре, не дека сум нешто подобра од останатите....



- Можеби на прв поглед звучи неблагодарно, но сепак тоа е вистината, млади сме и ни треба вистинска подготовка за животот..

:pos2:
 
Кајгано,

лошиов период во животов низ кој поминувам може да се опише вака:


секогаш мислиш дека ова што ти се случува е врвот и дека е најлошо, како поминува времето така се разочаруваш и се уверуваш дека можело и полоши работи да ти се случат, а ти веќе се дел од твојот живот.

Се надеваме дека се е со помин и дека секоја болка ќе помина - и покрај тоа што многу боли.
 
Драга ...

ај кажи и на лузната на раката да не ме боли, знам дека времево е никакво ама немора и она да ме боли .. ај ај ај кажи и!!!!

Денес супер денов освен што имав болки во нозете. Супер си поминав вечерва, а и на факс. И да ти кажам дека веќе никогаш нема да идам горе во Колосеум зашто многу препотенти фаци имаше и сите си мислат го фатиле Господ за муда (со извинение). Дај бе луѓе не се фурајте толку бе алооо.

И така, интересен ден :smir:
 
Бејб....дознав дека ќе има женска форумска собиранка и дека ќе има некаде околу 20 тина жени у кафана.
И ЗАМИСЛИ.....не сум поканет сеуште ! ! !
Дали ова да го сфатам како навреда??? Или....време е да се разбудам од зимскиот шмек и сон. Или па...ми спремаат нешто овие жениве па сакаат со тајна АФЖ собиранка да се договорат шо да ми купат за 8ми Март!....хммм Или ја треба да им купам. Абе некад се бунам.
Хммм....жени се собираат се почесто и масовно!
Бејб...
Драга Кајгана: Шмеки...ќе бидеме само жени. Нема муабет. Ама не се секирај ќе те оговараме.
Аххх.....жени! Еден ден ќе напишам книга за вас....ко шо пишуеше другар ми Буковски!
 
Драга Кајги....
Еве сакам да споделам еден линк со тебе :)
Филмот е јапонски и многу ми се допаѓа....има убави ефекти и музика!
Ми се допаѓаат вака уметнички филмови :)


Утре одам да шетам...некако многу се затворив дома :)
И прееска на пиво и кикиритки и на живата музика убаво поминав :)
Сега сум среќна и задоволна и убаво ќе спијам и конечно утре не мора рано да станувам :)!!
Лека ноќ и слатки сни!!
 
А-у претерав, сабајле сум на предавање..
2cqe6bp.gif
 
Врага.......ШТО К. му е на времево бе брааааат????
Се истури,ај тоа туку и е затемнето и ветер дува ли дува. :tapp: А убаво сончево утро беше. :uvo:
 
Мамичето, градов ме тури денеска, осеќам као ушиве ми се пуни мраз. И после верувај дека по утрото денот се познава...жими ѕими.
сега нека врне коа сум натре,. ебате времето...:violent1:
 
Драга,
Многу најмногу збунувачки муабет ми се случи вчера т.е. прееска. Ако испадне така ... не знам ... Не за друго, ми се расипа возбудата за петок, бидејќи ова е нешто многу поголемо. И после нема да спијам со денови - е нема. Еве и денес изгледа ќе преседам будна и се` така додека некој ден не се онесвестам по улица некаде.:toe:
Туку ако сум најсебична на свет, шо ги вртам сите па. Ќе си ги вртам јас од денес клучевите од кола на прст, па кој како сака. Ќејф ми е ма, пресреќна си сум! Мислев на 50 години ќе си купам кола, ама ете многу порано си го остварив и тој сон. Сега одговара само еден муабет тука ... somebody stop me!!!:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Еј.
Времево е чиста хистерија...
Знам само дека преголемата љубопитност, те претвора во параноичен модел на современик.
А тоа не ми треба, и затоа се повлекувам.

Ок, ништо посебно нема. Сабота без работа. Направив злодело од кое се срамам, но ќе го поправам, не е нешто нерешливо.
Дремам со нескафе во шолја. Мириса на мусака и дува ветер од сите страни, а јас како богомолка со свиени раце чекам да одгризам нечија глава.

Бев вчера на собиранка, топлотен удар ми се чини доживеав. И да, кога се спојуваат милион мали светови, секако дека ќе се создаде хаос.
Нејсе, денов не го јадам, зошто менува вкусови.
Вечер ќе пееме и верувам дека ќе биде интересно, а ако не, точка.
Слушам Молоко, стари албуми.
Тој спие, јас мудрувам, демек...
Сакам алва, домашна, или бајадерче.
Се прашувам... Можно е да сум детерминирана од својата опсесија по храна, музика, нарцизам, книжевност и мачкољубие?
Ако е така, жалам.
Сакам да сум научник.
И да цркнам како магаре во подрум, сама.

Се шалам.
Ќе имам три деца и сопруг и ќе предавам музички перформанс и движења на сцена, сите алишта ќе ми имаат по некоја дамка и дома ќе ми мириса на љубов.
Да не се лажам повеќе, возраста тече.
А, ако не се оствари ова, секогаш можам да зберам пари, и правец Индија.
Точка на чело не ми треба.
Медс.
 
драга
А: чекај не се поздравив со тебе......
М: ни ја со тебе..............

:toe:
инаку драга ти као си ми?
јас арен да речам:toe: до понеделник ако не успеам да ја намалам температурата инфузии не ми бегаат. вчера се заебав до коска што излегоФ :nesvest: сега пак ми се покачи тампаратумпарата :jaj: треба да пијам по 3,5-4 литри течност на ден :nesvest::nesvest::nesvest: а јас по една чаша пиев до сега и на резултатите докторов не можеше да најде вода воопшто во организмов мој личен :kesa: ....... се засрамив чеј сеа да се стабилизирам.......



:back: ае боГГ
 
Dearly beloved Кајги........

кога веќе еднаш ке помине тој период на кавги и дерење по дома?????ме отече старава ти вака ти онака ти ова ти она а коа е мрчаторот дома ќути не вика нишо :nesum:

аман веќе од кавги за глупости и префрлања на ствари што не сум ги рекла или направила!!!

да најлош е рекла казала муабетот со од нишо нешо ќе испадне......На пример ја ке кажам сонцето грее ќе ми го извртат муабетот во паѓаше град,небото се сруши и слични гомнарииии........

па јебешга кој сака нека ми верува кој нејќе не мора......ја сум таа што сум и си стојам позади тоа што сум го рекла......:salut:

a тие што ми се прави пријатели ќе останат со мене,ме знаат која сум и што сум и нема да вадат муабети во изспревртена верзија

<3 Your's truy



black angel
 
Kики!

What a night:wub: :wub: :wub::back:
Дури сега се разбудив и се уште не можам да сфатам што всушност се случуваше претходната вечер:vozbud::vozbud::vozbud:
Лелееееееееее...не ми се верувааааааааааааааааааааааааа:nesum:
Сакам и пак и пак и пак.:pipi:
Кики мааааааааааа не знам што да правам не знам:kesa:
Ова ке остане како најдобро секавање.Најдобра случка.
Најубавата вечер во мојот живот.
Сакам да ги поместам стрелките на часовникот и тоа вечно да траеше но штета немам таква мок:nenene:
Не ми е гајле за ништо повеке.Не сакам сето ова да избледи.
Важно е само она што се случи:back:


Ајде одам:baeh:
 
Драга,
Дојдов до заклучок дека машките се поголеми трачари од женските.:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom