Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.




И одма утредента после школо, барав детелина со четири листа.
Ама не најдов ништо.
Сите беа со по три.
Тапа се.

Што е најлошото знаев некако дека ќе трае дооолго дооолго. А телефонот, на 5% батерија. Мислам, гениј сум. Си викав ај после ќе го полнам. Јеа рајт! А уствари страв ми беше да го ставам на полнач зашто и завчера имав проблеми со струјата. Малку ветре дувна и струјана почна да се гаси и да се пали, едно милион пати. Фала богу немам навика да оставам ствари уштекани ако не ги користам. Единственото нешто што прегоре завчера беше еден продужен (што штити уствари ако има преголем напон). А вчера 3 такви прегореа во рок од минута
Се напнав. Ама среќа ништо поише не прегоре, као на пример на комшијата 2 телевизори и радио
. И цел ден идев по комшии, со едниве да видам како им е нив пошо исти проблеми имаа, кај другите да си го наполнам телефонот за да можам да викнам некој да поправи ова.... Па прашање, кој да викаме, зашто бандерата кај нас нели навалена. Ама на другата бандера видовме една гранка како ја допира, па мислевме тоа може да е.
А пред да дојдат, почна да грми и да светка. Си викам можно ли е толкав баксуз да сум? Среќа не заврна. И они си ја осветлеја бандерата фино лепо, ја исекоа гранката, средија што требаше. И ОП ден
Работи се`. Испадна дека сме имале струја, ама сме имале премногу, немало ништо да контролира колку струја добиваме. Ама толку многу ме болеше глава, мислев ќе ми прсне, па неможев да се радувам ич. Земав апче, што не се случува често. И малку кога ми подопушти, се спремив за кревет, и таман легнав пак почна да ме боли. Ама заспав пред да осетам дали се врати со полна пареа. 

Да не беа они, уште ќе немавме струја можеби.