Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ди Кеј,

Кога два-тројца ќе успете да соберете толку луѓе на едно место, за работа која е на илјадници километри од местото на собирот, ќе ти биде јаки4ко на душата....најјаки4ко!

10247398_10202437230675533_8063089491916377682_n.jpg
 
Секој пат кога ќе помислам на Агенција за невработување, камо ли па кога треба да одам таму, емотивно се потресувам. Еве сега само што се вратив, еден дел од мене никогаш повеќе нема да биде ист. 12 шалтери има, јас одам, прашувам кој шалтер е за повторно пријавување за невработен, тие таму ми викаат: Нема врска, каде сакаш, таму...:pos::pos::pos::pos:

Одиш таму, најљубезно и културно, насмеано викаш: Добар ден, тој од таму не те прецепира, како да не си човечко суштество, само зема тоа картонот и личната и намуртено куца. Потоа насмеано му викаш: Пријатно, тој не те рецка... Не барам бре да изведувате пируети, али нема да ве убие ЗДРАВО да кажете.

Али подобро беше од минатиот пат, минатиот пат бев прв пат да се пријавам, со уверенија и се останато. И доживеав таа на шалтер со потсмев да ме праша: А тии, стварно знаеш англиски, а мене цела магистерска на англиски ми беше... Животиште....
 
Се гледаш со една од основно после 8 години и први прашања и се каде си на факултет, и и реков каде сум ама дека и работам и одма стигнаа двете најпоставувани прашања во државава:

- Каде работиш?
- Колку плата земаш?

:facepalm:

Дали некад јас го имам прашано некој каде работи и колку плата зема? :eek: поготово па некој што го немаш видено од осмо одделение. И кога и кажав колку ми рече многу било. Да бе многу е, ебаве тоа створовите, земи ти спиј во систем сала, нека ти светат диодине во очи, инсталирај опрема во 11 навечер, секирај се цела недела дали инсталираното е во ред наместо да се секираш што кафе ќе испиеш денес во Сити Мол и ќе те видам дали е многу. После се зачуди типката како ме вработиле така ко инжињер а немам завршено :icon_lol: среќа европска фирма е ова па бубатори бараат, останете вие на знаењето од факултет и може ќе ве вработи некој и некаде. Во оваа струка и осмооделенец може да ти го земе лебот ама кога сме држава полна со тенџериња тоа ти е.

Не ме чуди и така ваквиве се печени за системов, т.е. државна работа, од 8 до 3 со 6 кафиња измеѓу. Рај.
 
Долго време Кока Кола успешно ги криеше состојките на овај магичен напиток. Многу се трудев да пронајдам од што е составена, што има внатре, зошто ми прави гасови во стомакот дури и ми го подува... Колку и да се трудеа не им успеа... народов наш вели шило во вреќа не се крие, а вистина Кајгана така е. Ама она што најмогу ме изненади е тоа што тајната да ти била овде,во Македонија...и да ти се вика Амди Бајрам. И самиот призна. Сега знам дека токму Амди Бајрам е тој што ми го подува и ми ствара гасови во меот, чунки многу прдел додека бил внатре :eek:
 
Малите деца и без часовник знаат точно колку е часот.
Секој ден го земам од градинка во 14:10 денес отидов 10 минути покасно и со патиките во раце беше пред вратата. :D Утре ако закаснам готов сум. :(
 
Ако формирам некогаш партија ќе ја крстам "Неважечко ливче".

А и бенд ако имам исто ќе го крстам.
 
вчера бев во с.врбјани на на избирачко место, и во 19 часот еден проба да ја крши вратата и да колни да пцуе за да го пуштиме, почна и по прозорци да мава по стаклото, неможев да го видам пошо бев зафатен со полнење на кутиите иначе ко ќе го размавав
 
Тек сега случајно видов што се случувало на плоштад вчера :eek::eek::eek::eek::eek::eek:
 
Само у Македонија има зимање потписи по сите предмети во семестарот. Стварно ја барам логиката во ова нешто и не можам да ја најдам. Во странство индекси немаат, а не па потписи да зимаат студентите. :pos: Или ако им е толку до потписот нека го стават кога се зема оценка, значи во едно и оценка и потпис од професорот... Уствари што се чудам и јас, како немало логика да се зимаат потписи, па треба ли од негде да се полни касата на факултетот и деканот да вози Мерцедеси и да купува по 3 стана во центарот на Скопје... Бем ти усрана држава, сеа ќе треба да плаќам казна за потпис за предмет што го имам слушано лани.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom