Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК
Знаев дека не е директен, како и што пишав, али многу тазе дојде по мојот. Ако прашав ќе делуваше на жалење, правдање и барање причина за молк :) Се работи за пронаоѓање на поврзаности кои се погодиле по случаен пат, особено последниот дел од постот каде се работеше за поврзаност работа-образование (нешто што го спомнав пред скоро во истава тема, а ретко го спомнувам) по што се дошло до чувство на фрлен пик од рејдиохедската страна :)

то е.
 
Дир,трилеЌето од Шехерезада,нешто најубаво........
 
Драга, Рубин Картер бил 20 години у затвор за злочин шо не го извршил. Струмичките студенти биле убиени на така грозоморен начин само оти ете сакале да бидат слободни. Чувствувам дека, well, на светов има толкава неправда, and it needs to be fixed. Or I'm just a dreamer. A bad one. Unrealistic one.
 
Драга Кајгана,

Радост е да седиш дома на својот компјутер. Не ми пречи што куќиштето е повеќе години старо, радост ми е мониторот, 23 инчи бејбе :) Радост е да се возиш во стар шкодилак, барем сега е поправено греењето и вратите кои не се отвораа. Радост е да си во својата соба, воопшто не ми пречи што ќе морам да платам неколку сметки за струја и за легализација :) Радост е да отвориш ФБ и да видиш дека Пецехикс ќе го рестартира Кастро, барем за летово.
 
Драга за кравите малку.
Приказна за 25 крави во едно селце во Келн.
Локален фармер ги одгледувал кравите и поради недостиг финансии решил да ги носи во кланица. Кога разбрале луѓето од околината дека тоа ке се случи се спротивставиле и решиле да помогнат , обезбедиле средства за нивно чување и ги спасиле. После пуштањето на испаша (на пролет или зависи од климата кравите се пуштаат на пасишта и сл. ,а во зимо се во штала) се десило следното:
Душички ,срцки.
После ова приказната се раширила и почнале да стигаат донации од сите страни ...
Еве втор дел како се враќаат од испаша
Заклучокот е Драга дека уште има надеж за човештвото

Еден од коментарите на јутуб
Folks - Acts of the heart create a world of good... attracting even more of it.
 
Последно уредено:
Драга... за денеска уште сабајлечки да ти пишам...


Нов хит, песнава заедно со спотот на HD... :cuc::cuc::cuc:- милион пати

Нема да се џитне од мостот. Не вреди Саша, не вреди за курви да се џиткаме.
 
Последно уредено:
Ќе одам на интервју за работа. Црн фустан, црна „кожна“ јакна, црни мартинки...
Ќе се камуфлирам со розова панделка на глава. Да не изгледам сомнително.
 
@Agda Beata Носи си боксирач како амајлиа за среќа.:D

ААА ете зденките од кај потекнувале. Happy_cow_topljeni_sirg.jpg
Работава ти е подобро крава да се родев во Немачка, него ли овца во Македонија.

Иначе арна?
Јас непара ама мора се.
Ај со здравје.
 
Колку е голема разликата помеѓу Македонски и странски менаџер. Овој нашиот по пола саат разговор на улица успеа да ме нарече копиле. :cuc:
Останав без коментар.....
Ваквите менаџери што до вчера биле уличари треба сите во еден воз и право во логор.:гомце:
 
Последно уредено:
Драга Босиљка
Не ни можам да ти објаснам каква луда екипа сме се собралае вчера вечер, незнам ни јас како да ти кажам ама стварно незнам. Значит немат збор во вокабуларов мој шо мојт да го опишит то нешто шо се случвеше вчера вечер. Спијан сум дури едвај три сати замисли, делкам некој си кафиња шо ги купив сабајлево од кај чичко Добре во продавничено пост-комунистичко поџомитски нескафе стронг монг бонг, а јас наликувам на Том од Том и Џери цртанон, капациве ми паѓаат уш фластер ми требит да залепам. Ништо бе ич ветар во магла не делуват ова, дур завршам сигурно ќе се предозирам. Налет то кај Добрета сабајлето го најџвам чичко Номче партизанон купил два сомуни и со останатите пари весник и ме грабвит од старт за ситуацијава во Украина, Номацон е опасен поубо да не го знајш. Ај бре немојш да се разбериш таман му влегвам во дискусија ми теквит дека каснам на работа. Добро чичко Номче бегам на работа сум и ќе закаснам и оп ми се вдаде "Чек море синко" и ето да ми докажит дека не сум во право се сецна и ми викат "А ти се посерам и во работа и во се", драга се изнасмеав, прснав во моментот, беше напизден гарант со Златка сабајлето се имет расправано и ми викат дојди после да ти докажам. Абе одвај се отарасив ради него 10 минути каснев. Досега поправав грешки од колегиве каша попара имаја напраено патем решавав и некои тешки дискутабилни прашања, ко ке видиш абе за то ме биват. А со цело срце чекам газдарицава да ми речит "Ти си златно дете", знам бе дека сакат ја осеќам ама не призанават невикат, така и била кармата или филозофијата шо знам ти јас. Ај мор речи еднуш поткасана една не ќе ти се сронат бисерите ева. Крадам време од на работа за да ти пишам уствари се си имам натокмено, цакум пакум и одвај чекам да се мафнам и да легнам. Се надевам дека ме разбираш драга, имам уште да ти прикажвам за то мојт попосле првин да ги разгледам вестиве за да можам да расправам со чичко Номче, партизанон излитаен ко ќе го начекам после.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Вчера ме мрзеше да појдам до аптека сируп да купам... затоа сега едвај дишам, плуќава ми е полна со шлајм, градите ме болат од кашлање, грлото ме боли, башка тоа имам спиено само 2 часа поради тоа што кашлав како нездрав на секои 30 секунди...


Пуста мрза :'(
 
Видов крави, погоре во еден пост па се сетив дека некаде прочитав дека кравата на милка чоколадите не служела за декорација туку за ПРЕДЕУПРЕДУВАЊЕ.
Нено дај прибери се и не ги јади повеќе чоколадите на детето:oops:
 
Денес е голем ден, денес ми е родендеееееен....:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Многу си го сакам роденденот, вчера едвај заспав од среќа, сега на работа си танцувам, најјако ми е. Плус колешките ме изненадија, а бе како мало дете сум окезена. Денес си владеам, денес е мој ден! :cool: Добив прекрасни честитки и сега си ги препрочитувам.:pipi::love: Денес ги сакам сите. :love::giggle:

И многу си ги испочитував денес, Google, бидејќи имам профил на Google +, види како ми е денес, секој пат кога ќе уклучам Хром или Google.

GPsyxjH.png


Лелеееееееееее, детски радости, ама гајле ми е, убаво ми е, денес сум кралица!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Инаку, еве и една песна, зошто можеби нема секогаш да бидам млада, ама секогаш ќе бидам убава...:pipi::oops::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Шо убаво...:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom