Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,

Прекрасно е чувството кога се враќаш дома после напорен ден, и те пречекуваат неколку насмеани фаци, убаво турско кафе и огромна чаша Кока-кола.
 
Кеј, обично сум смирен човек кој има големо трпение, ама последниот период се' ми дојде премногу. Сум поминал низ многу работи, сум се справил со еден куп различни створенија, ама овие паразитиве некако премногу ми дојдоа во последните неколку месеци. Конечно се „испразнив” пред нив, им изнакажав се' што имав да си кажам и многу ми е полесно... Да завршам уште една недела со трчаниците што ги имам и започнува големата преселба на народите. Живот!
 
Драга К,

Па кај си ти :*

Инаку влегов во гурманско катче и знаеш што? ми се пријаде :cautious: и тоа многу ..
 
Драга...имам алкохол у крви :D
Лудувам од нервоза. Ме јадеше цел ден. Па се запив на крај.

И многу ми е убаво. Да ми љубомориш.
Не мислам на ништо у моментов.
Само знам дека коа ќе си легнам цел свет ќе ми се врти.

Ај чао....се опивам на српско.
Имај добра ноќ.
Јас дали и ќе спијам. Директно на факс....

Ал недам ником ову боооЛ ( partyy)
 
Не ми се лутиш, така, признај овде пред сите не ми се лутиш што и тука ти пратив една фотка.
Па еве пред некој ден се учев да праќам фотки од албум(да знаев дека може и албум и слики,не отварав тема 3 слики А)
ама пуста склероза се заборавив па денес имав дополнителни часови и почнав сам да пробувам,белќи сега ќе ја биде.
Под еден отвараш ваму,под два лев клик,под три сподели,под четири десен клик,па копи,па некое пасте ма ај да си прочитам пак.
 
Кеј
Денеска не знам шо ми е, се чуствувам како Химен.
Не женски химен, Химен од цртаниот филм шо викаше ЈАС СУМ МОЌЕЕЕЕЕЕЕН!
Е токму тој. Се сеќаваш ли на него?
ftn.php
 
Драга,
Се извинувам пред време, ама морам да ти се испразнам.
Не сум јас од оние луѓе што се замараат многу дека со градење на сите овие градови го снемува зеленилото. Лошо е, знам, ама никогаш не сум се нервирала. Се` до денес. Изгледа највеќе боли кога некој ќе удри по нешто твое. И тогаш сите се свестуваат.
Живеам во мало градче. И имаме куќичка на едно ридче. И нашата е на крај на патот. Имаме 3 соседи блиску, од кои едните се тука 6 месеци или помалку во годината. И, од терасата имавме поглед во мала шума која завршуваше со карпа. Не дека беше нешто посебно, ама убаво беше. Онака чувство дека си на планина негде и дека нема никој околу тебе. И имаше срни, зајчиња и уште еден тон други животни што проаѓаа низ шумата. И плус зајдисонцето се гледа од тераса. Абе милина.
Е сега, на типот кој ја поседува земјата, му текнало да гради населба овде со брвнари. И фино лепо, си ископа се, исече 80% од дрвата и ја израмни зејмата. Браво за него. И тоа, се` ова што го прави, е само подготовка. Сега ќе чека економијата да се подобри и да го продаде. А тоа може да биде со години. Битно он, ни го уништи погледот, ни ја уништи приватноста и им уништи којзнае колку домови на сите тие животинчиња што живееа таму, а и патеки на оние кои само поминуваа. Уште едно браво. Мислам, гениј е човекот. А кога правевме муабет со него кога дознавме дека нешто ќе се случува, ни објасни „убаво“ што ќе се случува и да не се секираме. Добар е со зборови, стварно. Знам дека е еден од најбогатите во градчево и дека поседува 50% или така нешто. И сега ми е јасно и зашто и како.
Мило ми е што немаме фрлено многу пари на местово. Ама ми е многу криво за тие што ги имаме фрлено. Сакав да си напраам да ни е убаво, и за што? Да дојде некој и да ти ги сруши сите сонови. Немам никаква желба да завршам со кречење. За што? За кого? Кога најверојатно ова само ќе се сруши. Само стварно се надевам дека немам до толку лоша карма па да не зафркне онака најубаво и да останеме со прстот у гз.
Едноствано сакам што побрзо да избегам од овде во моментов. Се` што имав замислено, не ваља веќе. Си викав ќе можам да издржам и уште година време ако треба, ама сега не сум сигурна дека можам и 6 месеци да издржам. Ќе се напињам кога и да погледнам надвор.
Најубаво иди живеј во град. What you see is what you get. Нема разочарување. Ако сакаш зеленило иди кај што знаеш дека има.
Се осеќам ко оние суштествата од FernGully.
 
Мој предлог е @Мачорка да го посети гледачот Дуле од Велес. Жал ми е женска за точакот ама верувај ми дека по толку фалење на форумов, човеков мислам дека знае каде се наоѓа и малезискиот авион но неговата скромност не му дозволува да се експонира. Со лесно нека е!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom