Вистинската причина поради која сакам да сум далеку од тука е далеку од мене. Така ние во круг го купуваме денот од утрото, а навечер ја полагаме сметката на повисок судија, надевајќи се дека утредента ќе ме пречека со благо, турско, иако од душа ми се гади. Ама ете чекам и јас, чекаш и ти, да се поклониме пред неизвесни ветрови за подобри денови.
Се лула кајчето и на мали бранови, се лула и на силни ветрови, некако измеѓу ја барам силата, да се исправам и гордо преминам онаму на другата страна, чекајќи на нас да бидеме едно како пред некое време, кога скопското пеколно сонце, беше мој рај на земјата, затоа што ме будеше до сигурни прегратки.
-Че