Драга...
Секогаш се прашувам што е она во нас што не тера да се мешаме во секоја манџа?
Што нагон е тој што не може да се потисне... Секаде да се вметнат прсти, да се наметне нашата вистина, во име на правдата за која сме сигурни дека правилно сме ја процениле...
Одново и одново, секој божји ден.. Бла бла бла бла бла...
Немаме осет?
Кој за кој што кажал, зошто кажал, како кажал, во право е или не... Вреди воопшто за тоа да се размислува? Од каде правото јас да кажам зошто ти смееш или не смееш да мислиш така или онака за некого? Што воопшто мене ме засега?
Не се сите тие ситни глупости, небитни, минливи работи кои брзо се забораваат?
Зар за нив размислува некој и после пет минути откако се кажани?
Немаме попаметна работа за неа да размислуваме?