Два дена пред тргнување на пат решив да правам експерименти со косата и ја затемнив за некоја нијанса...Значи со години све истата боја и сега најдов да се глупирам...Ама имам уште 48 саати да ја вратам во првобитен изглед...
Друга работа- тој е околу 2 години со статус бивши, значи 2 години го нарекувам бивши, а не можам да се откачам од него...Што бивши ова ќе беше...? Во очи го гледав и му реков дека нашето помина и дека јас немам ама баш никаква хемија со него и не вложувам ни 1% за да го вратам, а он на тоа ми вика- нашето не само што не поминало, туку допрва доаѓа, ќе видиш што ќе биде...Поарно да не ти кажувам што све ми збореше, толку е лукав и прорачунат, што можам вода да му носам од тој аспект...Уште да бев заљубена во него, ќе беше топ...

А колешкава денес ми вика - што има ти да му објаснуваш дека поминало ова-она, абе бриши го од секаде, блокирај го и речи му више да не ти се обрател никогаш...Епа знаеш што? Ќе морам да го направам тоа, зашто не го сакам во мојот живот...Поготово после она пред два дена кога со подмолен изговор да сме оделе благо да сме јаделе, демек дека на пат ќе сум одела, ме натера да излезам со него и цела вечер глупости ми тропаше и ми се пушташе, иако ми вети дека нема да го прави тоа...Морам колешката да ја послушам дефинитивно...
И трето- утре е Св. Никола и ќе одам кај моите роднини во Чаир, на слава...90% од роднините ми се таму, го обожавам тој дел од Скопје...

Ниедна населба не е како Чаир, толку своја, на свој начин посебна и убава, а плус моите родители таму пораснале, таму се запознале, таму излегувале, се држеле за рака, се шетале, иделе по гости, пиеле турски чаеви, јаделе баклава...Ама јас кога сум била мала се преселиле и тоа е тоа...Криво ми е најискрено...