Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
лелел заклучен профил па уште не можеш ни приватни да праќаш
абе оди таму да ви се плукнам во интернет ѕвездите

а ти серверу остани си непослушен, ќе те видам до кај ќе дотераш
 
Не сте единствени шо за на 30ти му одлагаат колоквиум. :mad:

Инаку уште постојат луѓе шо на вакво време MILF не знаат шо значи.

А јас немам деновиве мотивација за ништо, едноставно не ми оди не знам кое чаре да се бара.
 
ДК
Нека е честит и вековит денешниов празник, денес ми е слава али поради обврски нема да бидам повторно во родниот град...
кога се шетам денес низ градов, ми доаѓа мисла како низ чернобил да се шетам ова надвор е БОЛЕСТ, секоја чест на надлежните институции и незнам што треба да е повеќе за да се прогласи алармантна состојба и да прекинат да работат институциите додека е вака, со цел народот да е дома.

Јајцава од Кам повеќе на нерви ме јадат откако што јас нив, 5 јајца ги лупам 19минути и пола белка си ја исфрлив, уште еднаш јајце од таму јок.
 
Не, немаше многу магла вечерва :pos:
Во Влае ниеден семафор не работи. Алооо на толку прометна раскрсница како онаа после мостот Обединети нации, не работат семафорите едно 4-5 саати :tapp:
И како за инает ние одевме од најлошата насока, и нормално никој не е глуп да те пушти. Којзнае како поминавме :нинџ:
Комотно можеш да си земеш нож и да си пресечеш од маглава.
Едно парче густа Скопска буѓосана магла за гостите на Св. Никола.

Цела нервоза помина откако посните сарми и баклавите си легнаа во мешето :icon_mrgr:
Плус му купив нова играчка на внучето.
Неколку пати додека шетав низ Џамбо, некоја чудна топлина ме обземаше кога гледав една играчка. После неколку посети на Џамбо, ми текна дека уствари како мал имав иста таква играчка. И тогаш реков, во наредна прилика ќе му ја купам играчкава на внукот, па да имам прилика повторно да си поиграм и јас :D
И си поиграв нормално :icon_mrgr:
DSC00866.JPG
Волку ладно дома не ми било којзнае од кога. Тоа е кога се штеди на греење. Цела фамилија во една соба и не мрдај од таму :D Али најважниот член од фамилијата битно си го фаќа најтоплото место, горе на телеизорот :D
DSC00855.JPG
Кај и да е, ќе му се придружам и јас :pos:
 
Судејќи по моите сметки, заклучив дека од славината ми тече минерална вода, ѓубрето ми го носат во лимузина, интерфонот ми е во роаминг, паркинг ми наплаќаат Бред и Џоли, ме грее Моника Белучи, а улицата најверојатно ми ја чисти Роналдо.

П.с Примањата мали, а давачките 18cm.
 
Чувството кога треба да идеш на колоквиум:
q6MCT8M.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom