Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
На автобуска, црни капути. Во автобус, црни капути. Низ градов - црни капути. Би ги забранила.

А, да. Може и некои пешачки премини да ги офарбаме во сите бои.


Во исчекување, со полни раце љубов. Си пуштам џез дома, да ми биде топло. Сега му е мајката да смислиме бурек со смог! Во туршијата - смог. Во срцево, димна завеса. Така се живее во главен град, драги мои! А Скопје, модрица на срце. Наградна игра - кој ќе го собере Скопје во очи, добива бесплатна глетка во другиот живот. Алишта испоредени низ соба, како и пред сто години. Никогаш не сме пружале на балкон во зима. Ем се претвораат во штици за бордање, ем мирисаат на смог. Сега интензитетот поткрепен со аргументација од телевизорот (идиотска кутија, нели), направи таква бука што мислам дека луѓево своеволно ќе почнат да паѓаат во несвест. :eek:
Загадени ни се умовите, а не па воздухот.
Туку доста за тоа.
Смрзнувам, ми требаш да си дојдеш и да престане веќе оваа (сф)ера на чекање. Можеби сум само нестрплива зошто ми недостига се’ што сме. Вака, со време расцепкано низ неколку видувања, станувам глупав примерок на себично кенкало што сака да те убие и гушне истовремено.
A знам дека штом си дојдеш ќе заборавиме на ситниците што нужно не’ нервираат. Изгубен телефон, настинат нос, маглив град, опасни честички и неиспратени честитки.
Празници без дух - како да сте покосиле цела една територија со сива боја и чекате нешто да се случи. Нема ништо да се случи.
Ми треба да се пробијам низ ова чувство. Да го завршам, како сликар кој замавнува последен удар врз својата слика, и си оди, како да напушта љубовница. Да се себеосвојам и оставам на мира. Да продолжам да верувам дека има поинакви светови од овој кој го затвораме како неуспешна приказна. А луѓето... Се луѓе. Немоќни, или затруени. Со ѕвезда на капутите, оние црните. Што не се гледа, но личи многу на 1938ма. Мирисот е загушувачки, преморен, морничав. Или можеби само треба да дојде 2014 и да им аплаудираме на спомениците?
Споменици од живи луѓе... Котел од стечајци, сиромашни, изгубени во системот, предадени, осамени, вечно исплашени, дежурни виновници за се’ што некој друг зготвил. Разочарувања... Не треба да те поколебаат. Треба да те кренат на нозе. Да те освестат, додека не е предоцна. А секој си има свој праг на "додека не е предоцна"
Скопје е како расипана вилица на тинејџер. Докторот, наместо да ги поправи и лечи забите, им ставил шарени протези. Насмевката му е навидум весела, но комплексот на расипан здив останува. Еден ден, таа вилица ќе го голтне својот Доктор.
Во меѓувреме, фрапирачки е колку луѓево не читаат книги. Не следат развој и промена на јазични конструкти, зборови. Ама важно за се’ се има мислење. Секој е толку себеубеден, што сака да го убеди и другиот. Виртуелни глувци. Ситнеж, за броење во статистика. Но, важно е да не е тажно - па ќе се движиме низ животов како no name nation.
И затоа ќе направам кампања за боење капути, најбесмислена.
*
Обој капут, освежи живот
Да добие боја, на Скопје здивот
Ќе мириса лошо, можеби пак
да пробаме, пред да не’ обвие мрак.
 
ДК, ајде нека ми е најсреќен именденот . Ме притискаат рокови, учења, одбрани .Ама вечер ќе се најде малце време да се прослави и залие денот . Нека им среќна и вечно име на сите што го празнуваат овој ден. За многу години.
 
Picture 1156.jpg.Picture 1157.jpg.Picture 1158.jpg оваа чаша...
ја подигам и празнам за здравје и бериќет на сите членови овде што го слават денес
именденот и на сите лица што Св.Никола им е куќна слава - Ајде сега една песна...
 
Кеј,

Се замаглиле прозорите.
Ми иде сеа да зеам смајлиња да цртам, ама кој ќе ја слуша мајка ми дека вчера бришела прозори.
Живо е уште детето во мене. А таа мисла искомбинирана со кафево е доволна за денов да ми е убав.

Г.
 
Небитни луѓе од форумов ми одржаа битни лекции. Не треба да си двоиш од скапоценото време и да ги слушаш проблемите на секоја будала, затоа што во првата прилика, кога нема да бидеш во можност за тоа, ќе те откачат.

Си знаат кои се... Поздрав копилиња, има да ви ја растурам секоја прилика за да добиете пичка од форумов! :icon_lol: (Не заборавајте дека сте ми откриле многу слаби точки :sneaky:)
 
Нека е за многу години празникот Кајги.
П.с. Сликава.. :pos:
1476417_10151875487347672_1555544073_n.jpg
 
Кајганче!
До вчера им се смеев на оние од пилатес што вежбаат со топки иако знаев дека и тоа си има некаква тежина. До вчера, до моментот кога пробав да правам склекови со таква топка и се сврте кругот :icon_lol:.
 
сакав да ти напишам,за дедо Ристе од село Белица,и ќе ти напишам кога ќе имам
повеќе време,(а време имам да не се лажеме). Е тој дедо Ристе си поживеа море,
куќата му беше во погорните на крајот од селото а под неа река-бела река чиста,
страници може да напишам и за неа бела река -Белашница а извира тука над селото,
над куќата на тој дедо Ристе,си тече така везден таа бела река - Белашница и крај има во Треска подолу накај Самоков,ама и крај има и животот на дедо Ристе, а си поживеа.
Кога и да поминам,покрај нивната куќа,порта-врата-двор-тараби немаа,тука беа веднаш до реката,ги делеше само патот,е тој дедо Ристе стално ќе го видам седнат на некој камен пред куќа,но еден ден ете го нема,друг ден пак така го нема, чудо ама го нема...
и како сум се збунил еден ден кога го прашав внукот за дедому,а тој ми вели - „Умре“
- „Аирлија “, му велам јас и му пружам рака. (ете баш така беше да си знаеш)
----------------------------
и ќе ти ја напишам целата приказна за дедо Ристе кои си поживеа море,таму покрај таа бела река- Белашница, а Скопје не го виде, а богами стотката си ја попмина чинам.
(можеби и други ќе се вклучат во муабетот,кои ја познаваат оваа приказна,а сите пак такви приказни од тие места и тие лица се слични - лесна му земја на дедо Ристе)
 
Ме радува што денес лугето се посебно расположени.Задржете го тоа расположение колку што можете повеке.:icon_mrgr:
Денес,пред една година се роди мојата гордост,мојата внука.
Колку би сакала сега да бидам со нејзиното семејство и да го прославиме нејзиниот роденден.Сите мои внуци ги сакам исто,но таа е посебна.
Желна сум за забава,иде Нова Година,желна сум да се откачам,и да ги поминам празниците со најблиските луге.
Направив многу нови познаства.Животот е поубав кога кругот на пријателствoто е поголемо.:D

O и да,ке кажам нешто...
Гледам некои луѓе низ интернет порталите и социјалните мрежи како се подбиваат со ситуацијата во Скопје со загадениот воздух.
Не ви е срам бе ни малку?Оладете...Ситуацијата со загадениот воздух можеше да биде и во вашиот град(тоа го зборувам на оние од другите градови кои се шалаат на сметка на Скопјани,Скопје)бидете срекни што вам не ви се случува истото.

Пријатно.
 
Вечна слава од Благица. Драга, ова е хајлајт на денот. Тоа што Благица претставува за светот на цртањето икони тоа Лешоски претставува во светот на поезијата. Фристајл.

RED_3359.jpg
 
Кајг, станувам од кревет, ставам кафето, палам 2-3 цигари уз кафето... И отварам врата и вратата од терасата да се излуфтира... почна магла да влегува :D Не знам кој ми ѕвонеше сабајле, али да го ебам ми го уништи сонот. Шо сум ја бе, водич? ало...
заеби, дај да се расонам, gotta go meet people...
 
Драга Кајгана ,сфатив дека без разлика колку пари имаш ,од каде доаѓаш и кој си секогаш ќе треба да имаш некој кој ќе биде покрај тебе кога ќе ти е тешко .
Please stand by me.........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom