Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгано
Поздраи те павлака
и комбинација сс суво втатче и црвен сол, к'лцан : )
jao
 
Драганке,

Направив тоа топло-ладното т.е. чоколадното суфле. А бе убаини што да ти кажам. :) Штета немав време минатата недела да го правам, ќе гласаа луѓево и за мене. Како и да е, вкусно, маме му. Само премногу благо за мој вкус.
 
Кајгана,
си се сликав со Розга и добив автограм, се однесувам како тинејџер, ама ми е гајле :)
 
Драга К,

Кафето на маса, благцето, и време е за правење видео а и да вечерва нема спиење.. :( Но ќе издржиме (y)
 
Што и да сакам да ми направат било каде/како, очекувам да ме зезнат некако.
Дури и за принтање на поголемо нешто.
Читајќи ги материјаливе, ми се " приучи " од поголемата книга на англиски, бар ќе верувам во тоа што го читам и нема да гледам да го заборавам што побрзо заради лошиот редослед и превод на зборови. :icon_lol:
 
Драга,
понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува се, но чувствата секогаш ја знаат вистината
 
ДК
колку помалку спијам толку помалку ми се спие :D незнам по која логика али и вака доаѓа работава, легни си во 6 стани си во 9 :eek:
Туку сега математиката ќе ме заспие сместо уште малку и 5 сати ќе блада професорката за интеграли, демек голем к** битна била математиката е поради такви исфурани почнав да го замразувам предметот иако ми бил омилен покрај физика откако се знам за себе.
Туку добро е влегов пак во бизнисот со суплементи старите муштерии си се враќаат, од денес немат ништо бесплатно ниту прашање, ниту совет ниту план за исхрана ниту покажување на вежби на кој стигнам, оти направив еден куп луѓе од бишиња луѓе, од слаби исушени да личат на луѓе и не добив ниту едно фала, дури ни шо прам ме немаат прашано ниту дали сум жив.
@leandra не се буни за директорчето, убо бишенце гледам е уште поарна мома си зел лика и прилика за него, дури и многу му е, тоа е она шо ги ебава нашите кокошки, а не е нашиот петел.

ај да напрам едно дупло кафе за да ги ислушам то предавањата вечерва оти друго не помага :coffee:
P.S I have nothing against investment banking, but it's like massaging money rather than creating money. мудра мисла од еден од најголемите умови во моментов на оваа мала планетичка Michio Kaku.
 
Драга, од забов што ме болеше немам спиено ниту 3 саати :facepalm:. Отидов денеска и го направив, немам големи болки сега, се надевам вечерва мирно ќе си спијам. Нема да дежурам цела ноќ.
 
Драга...
Денес имав емотивна средба со еден мој роднидна. Се работи за близок, брат на мојот дедо. Прв пат се запознавам со него. 20 години изгубен контакт со сите членови, живее на другиот крај од светот но ете судбината сакала да се запознаеме. Се изненадив од чувството кога видов некој странец а сепак толку близок. Одма осетив како дел од слагалицата се спојува во мене. Јас сум првиот внук со кој тој се запознава. Негов внук. Мој дедо.
Ехх судбино, фалати што ми дозволи да запознаам уште една драга личност !
 
Ако не беше ова фејсбуков јас немаше да знам дека се игра педерско-фабричко ракометно дерби, само за во која лига не знам :icon_lol:, онаа за шампињони изгледа :icon_lol:.

Во добро располежение сум, еј која будала си за на фејсбук да следиш кој ми клика лајк на сликите, јас тоа не го забележувам, а овај по редослед знај ми вика колку многу ме почитувале првин клика лајк сегашниот а после него поранешниот прв човек, а јас а :icon_lol: ?

Еј вида ја на жена не личи телото на маж изгледа, уствари кај ќе видиш на фејсбук кај мене,а бе гради женски нема, ебате тесторенси хермафродит :icon_lol:, затоа лезбејки од америка и се пуштаат....

 
Денов, малку шубе, ко полугодишен тест математика. Мижам цело време, мижуркам. Ми требаш, си велам.
Сакам да кажам многу. Не знам дали ќе успеам.
Скопје ме пречека ко прав кавалер. Магла, дожд, жолти улици од лисја, стоплени ќошиња дома, печена тиква и прегратки. Понекогаш, сето тоа е како магичен филм, кој во секвенца, се врти, врти, врти и оооп. Застанува, па можеш само да одмотуваш и да се сеќаваш. И да стискаш стоп.

Друго, ноќите во Париз навистина светат. Мислам дека ми треба уште едно срце за да можам да ги зачувам сите нешта што допреа до мене. Сите ситни и крупни глетки, од самото стапнување во авион, до последниот изеден макарон на пат накај Скопје. Од грејпфут, благо кисел, со боја на керамида.
Утрото, полууспана пред да тргнам, чекам авион, си фаќам некои белешки, кога што да видам - драгиот Никола Маџиров, исто патува за Франција. Си се замуабетивме, отворивме некои нови поглавја, тој за патувања и љубовта низ нив, јас за љубовта, и патувањата низ неа. Како неслучаен спој на двајца што пишуваат. Магично. Ко да си има мапа и животот, кога не’ среќава со Луѓе. Со добри поими, нивните прашања и молкум одговори.
Средбата со либето не можам да ја опишам. Не можам да ја срочам во текст. Премногу и премалку би било. Си пораснавме во очите. Си се најдовме пак. А се плашев дека може да се изначудиме кој е кој. Нема поубаво да се ре-заљубиш, веројатно. Зар може тоа да се напише? Не знам. Сериозно не знам.
Но, ете. Ги надминуваш илузиите, се среќаваш со личноста која ја знаеш и те знае.
И тоа трае.
Собиче со тешки завеси, маслинеста врата и црвен ѕид. Четврти кат. Маало Gambetta. Микро скалички и мирис на средство за дезинфекција и ружин парфем. Куфери со ракија, цигари, адидас патиките и мојата книга, со посвета. Првите денови, не знаевме што попрво. Светлина од очи и емоции ко заплеткани кабли, фрштат. Мадлени од Бон Мама и смути од кокос и банана. Се утепавме јадејќи тартови, крем брулеа, кроасани и микро чоколатца. Го пропуштивме нажалост, за само неколку дена Саемот на чоколадата. Но и без тоа, мене се’ ми е како надреално, вака отпосле. Кога седам во Скопје, со бањарка, Карпош тоне во меланхолија и мачињата се камуфлираат во жолтосивиот тревник позади зграда, се возобновувам.
Парижанките, сите со тенки црни хулахопки. Идеологија и мода во едно. Философија и бохемија во две. Во метро, свират на хармоника. Пеат во дуети. Чекаат милостина за уметноста што ја (про)даваат. Мириса на Либан, Алжир, парфеми и соништа. Се трошат ситни парички за крупни солзи. Спој на снобизам и смет. Контрадикција и светост. Нешто што импресионира. Не само како туристичка атракција, туку и историски. Тие улици и улички... Зборуваат гласно.
А во преден план - брзаница, темпо и задишани животи. Се' има и ништо нема. Глувци, хотелски пешкири, сунѓерчиња со лаванда, сноп лалиња. Микро светови во големи рамки, како кога гледаш низ големи прозорци во малите судбини.
Помпиду ми го облагороди животот. Плачев пред поставките на Фрида Кало. Мислам дека треба да се заблагодарам некому за се’ што ми предизвика сензација. Емоции, луѓе. Не си се видел со љубовта, не си имал допир, ниту физичка близина. Доживуваш сензорни експлозии, уметнички врвови и сето тоа напикано во 7 дена? Па среќна сум што сето тоа се случи. Многу среќна. На еден плакат начекав - Данил Хармс, Старица, театарска претстава за деца и млади. Совршено еј! Штета што не успеав да набавам карта и да ја гледам. Немаш време. Се’ е брзо. Или имаш агенда, или си изгубен турист. Се балансиравме. Се гледавме дури шетавме. А никогаш нема да бидам Французинка. Ниту пак тие ќе бидат јас. И така ќе се разминуваме по Елисејските полиња за навек. Оставив грст лаванда на гробот на Едит Пјаф. Имаше неколку врапчиња наоколу, а дожд, како порој од нејзините солзи на животот. Оскар Вајлд, Оноре Де Балзак, Исидора Данкан... Зашеметувачки великани во тоа мирно зеленило.
Монмартр од втор пат ми се виде поблескав од претходно. Можеби заради дождот?
Дали и Ме Вест. Падната вилица од вчудоневидување. Се држевме за рака додека зјапавме ко деца во излог од слаткарница.
Го слушаш оној затенчен, шик глас на градот низ сите јазици што се прелеваат. Да знае Малком Мекларен какво депре ме фати на Сан Жермен Депре, богами и би ми подарил црна ролка. Фантазија, без грам илузија. Вино и багет на Сена. Дува, врне, ние со чадори се гледаме очи в очи и сонуваме будни. Шетаме низ сите париски облини. Закачивме катанец со иницијали на мостот на Љубовта. Повеќе се смеевме одошто верувавме. Митови, насекаде владеат! И си верува човек, зошто да не? Не паднаа понуди за брак - иако сите очекуваа, ко со жед на камила, дека мора да паднеме во тоа клише.
А Париз е совршено клише и без понуди за брак. Таму се води љубов бре без ограничувања! Се’ и ништо во една кристална топка. Свет во ма(а)ло.
А просто ги обожавам колку се валкано несмасни и ноншалантно грозни. Ресторани со првокласна храна и шестокласен тоалет. Вуала! А што да очекуваш, турист. Како и милиони други. Не баравме третман. Арогантен е Париз, ко љубовник кој си ги чисти чевлите. Плус, во метроата можеш да си напишеш роман. Или да го прочиташ веќе почнатиот. И да си најдеш пенкалце во облик на багет.
Се' доживеавме. Се доживеавме. А најтопло е кога ветерот ни ја гаси цигарата додека се гушкаме на Sacré Cœur. Кога го тапкав со лажиче крем брулето во кафулето на Амели. Ко дете. Реплика. Ми е гајле за клишеата. Се случува живот еј. Сништа што од филм, си ги направив реалност. Што го видов тој фамозен шанк и блескави чаши како треперат од туристички блицови. Блага струја на неверување да те удри, баш. Супа од кромид, за загревање пред да се шетаме на Шанзелизе. И да се пие лимонада по сокачиња, зошто градот за жед не те прашува. Иташ, иташ, иташ. Секаде има агли во кои паѓаат рефлексии. Како кога ќе ти упадне фин мирис дома, пример од нечиј парфем, печени кифлички или омекнувач.
Презаљубена и чудна и некако ко нова сум. Се радувам. Па ме фаќа блага тага дека сето тоа заврши. Си ги гледам фотографиите и ми мириса на се’. Денес некој по трет пат ми рече - Зошто се врати од Париз? За да му отидам пак! Полни џебови ситници, полни куфери емоции. И така си продолжува човек да си живее.
Вам, ви го посакувам Париз да ви се случи. Со интензитет, со се' сите клишиња и вински шишиња.

А сега, мое Скопје... Ќе си шепотиме нови приказни по улици.
C'est la vie!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom