Драга,
си слушам песни што некако прават да се чувствувам женствено, секси, посакувано..јбг, песни што знам дека одлично би се вклопиле на ревија на Victoria's secret. Животна желба ми е да присуствувам бар на едно такво шоу, кога веќе немам шанси да учествувам хаха

Шала на страна, сакам да видам дали навистина е се толку гламурозно како што изгледа од оваа страна на екранот, да ги видам сите тие ангели во живо, дали навистина имаат нозе долги ко на жирафа(не го кажувам во навредлива смисла ова!). И да, женско сум, и да, не ми е воопшто проблем да кажам дека им се воодушевувам на убавите девојки кои зрачат со самодоверба што ги прави неверојатно заводливи и секси..плус таа долна облека, боже мој, во нивните продавници можам да се изгубам, да заборавам за време и да потрошам се што имам без око да ми трепне, за тоа ќе размислувам друг ден, кога ќе стигне известување од банка

Уф, забегав јас.
До кај бев? Да, секси песни..Шоуто се снима оваа недела, ќе се емитува на 10ти декември..едвај чекам, до тогаш ќе си ги изгледам пак шоута од последниве 6-7 години
