Драга Кајгана,
Како и секогаш, па така и денес да го прокоментирам времево. Колку е прекрасен денов. Надвор е сончево, се надевам дека сега сонце грее и во моето Скопје.
Се чувствувам среќно иако нема некоја причина за тоа. Се чувствувам исполнето со позитивна енергија, па затоа реков тоа да го споделам со тебе.
Тука во Гостивар е се поинаку, местото за мене е ново, нови се луѓето, се ми е некако чудно... ама добро сепак тука сум само месец и пол, си се утешувам дека има време и ќе се навикнам
Но сепак постои една работа која секогаш ме дружи тука, а тоа си ти Драга Кајгана

Освен тоа сакав да станам модератор на некој твој под форум, ама ништо... знаеш како рекле повеќе среќа наредниот пат. Но тоа не е битно, затоа што сепак тука, на овој форум стекнав голем број пријателства.
Жал ми е што најпрво на форумов се претставив како малолетен, жал ми е што објавив слика со јадење кое не беше мое, но и јас самиот не знам зошто направив така. Многу Кајганџии ме запамтија како малолетен и непосакувана личност, иако тоа не е така, зошто сум полнолетен и сум навистина пријателска личност.
Но сепак сум многу среќен затоа што е многу поголем бројот на Кајганџии кои останаа иако анонимно, но сепак пријатели со мене и дознаа дека јас сум навистина една голема пријателска личност.
Се надевам дека моето позитивно расположение ќе продолжи
