Драга,
Колку и да се трудам, колку и да се замарам, џабе е.
Таа никогаш нема да се смени, само ќе ме онерасположува наместо обратното, нема да ме разбере, а да не зборам за тешење од било каков вид, попрво ќе направи да жалам уште повеќе што и да сум згрешила.
Ко непријател да имам дома што само негативното ти го истакнува во секоја прилика.
Не е дека не сум навикната, али сега ме погоди ептен.
Стварно мислам дека јас каква што сум, не го заслужувам ова. Можеби и нејзе некогаш ќе и текне дека односот и пристапот кон мене и се многу погрешни.