Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
mi se spie mi se place,a sakav nesto kosa da peglam ama nema sila kajgooo...nisto ke si odam ja utre na rabota pucvalce kdrvicko :) neka mi odmori malce kosava...leka nok kajgano oblekuvaj pizami i begaj u krevet :icon_lol:
 
Ја поебав раката, баш сеа коа имам за пишување....
 
Глумам строгоќа пред огледало и приметив дека десното уво ми е пониско поставено од левото. Па се навраќаме на мојот потпис, нали. :свиркам:
 
Ej че играме фудбал со кајганџиве.

Ако не постигнам хет-трик, не пишувам појче во темава . :cautious:
 
Д.
толку од престојот дома, ајде пак во јабана :D
се пореметив.....
 
ДК
Кој вика дека Недела бил ден за одмор? Кој вели дека ако си сам свој газда ќе си дадеш одмор кога сакаш? Напротив еве ме денес позафатен од било кој ден.
Некогаш кога не очекуваш ти се менува животот и запознаваш некој на кој ќе мислиш постојано,пред точно 80 дена тука на форумов примив приватна порака за совет, пред 46 дена бев побогат за 1 пријател на социјалната мрежа, пред триесет и некој ден ја запознав истата личност во живо, ден на кој испаднав најголемиот идиот на светов.
Во тие три часа синоќа кои ги имав за спиење сонував гаден сон, сон кој ми го протолкуваа дека губам некој кој го сакам, некој кој ми значи многу. Не сакам да верувам во сонови, но се повеќе работи кои ми ги протолкуваа во последно време излегле така, се надевам дека овој пат грешат :(
Денес направив големи срања, му кажав на газдата дека ќе работам уште неколку дена и да си бара замена, се искарав со мајка ми бидејќи ми филозофира дека било подобро да работам уште во прилеп и да седам, дека било за џабе да си одам за скопје и таму ќе сум лежел по цел ден додека да почнам со другата работа, едноставно несакам да се објаснувам на оваа возраст зошто сакам да седам таму а не дома. доволно работев летово, за месец дена почнувам повторно турбо и затоа редно е да одморам малку, да пробам да поправам некои работи или пак да се разочарам уште повеќе ако сонот излезе вистина.
 
Цел леб го изедов, САМА! (морав да се пофалам тое) Ова ми се дешава еднаш во годината само кога има врел ајвар директно од тенџере. И јас појма немам кај ми го собра во мешево мало, али ми се слади ептен. Во 6 тргам, и си ги заборајв апчината таму, ако не во повратам по пат од јадењево, треба да се честиме по едно винце со другарчето за да не ја сејчавам ракава.
 
Драга,

Ај те молам пренеси му на Скопје годинава да биде поблаг и подобар со мене. Може тебе ќе те послуша, зошто последнава беше ужас.
Операции, болници, страв од најлошото, многу солзи, врска без врска од неколку месеци, стресови, на крај раскинување без стрес, зошто целиот ваљда помина месеци пред тоа. Дури и кучето што го имав од негде 9 години ми умре. Се фаќав летово понекогаш кога седев во двор дека ќе излезе од куќичката, но ни таа ја нема, ни него го нема.

Не дека се жалам, сите викаат дека сум била психички јака, можда и точно е ова, но дај нека е полесно годинава, само мааалце поблаго нека биде.
Држи среќа. Бај.
 
....

Комшијава до мене, прави свадба за ќерка му, а другиов плаче за татко му.
Срцев удар... Стар човек. ама татко е боли. Живот, не се знае што се ти носи...
А краток е пустиот.
Дедо Гоце...
Дедото што ни ги дупеше топките и што ги тепаше и убиваше животните. Дедото што многу пиеше, пушеше и пцуеше... Го знаевме како таков, а тој да ти бил уште една душичка, неотпорна на смртта. Сите сме толку различни, а сепак исти на крајот.
Жал ми е некако. И тој дедо Гоце беше дел од сликата за моето маало. Дел од моето детство, дел од спомените... А сега и тој замина во спомените.
Нека почива во мир!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom