Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Уморна сум за долги текстови, ама уште не ми се верува во она што го гледав.
Убави, образовани, паметни, културни жени да се дружат со најнабилданот кретен од цела група, примитивец и будала, и моторџија.
На другите две најинтересн им беше другиот примитивец којшто цело време кажуваше вицеви во стилот: зоѓто глушецо не паднал у дупката? Зашто имал жолт фломастер во џебот.
Тогаш Sussaro ми текна на тебе и повлекувам се’ што сум рекла.
Момите нека се бранат сами. Можеби е до хемијата.
 
Драга К

Денов некако мислев ќе биде тапа ама испадна сосема спротивно одличен ден... бидејќи некои работи дефинитивно тргнаа на добро :) Сепак конечно и требаше така да биде... Инаку има ли нешто поубаво од домашно студио? нема се разбира (y)
Photo0596.jpg
 
Драга,
еден дел успешно завршен без компликации, сега следува вториот, се надевам дека ќе биде помалку болен. Фала за тоа што ми држеше среќа.
Инаку, кога си дојдов дома за малку ќе добиев срцев удар.
Замисли Драга, на музичарите ќе им давале по 3000 евра за песни кои промовираат семејни вредности и кои ќе не учат да имаме повеќе деца.
Добро, кај живеам јас? Намибија не ни е рамна. :facepalm:
 
сам у Скопјето, far away from everyone....

а да... роденден ми е, I guess this is the best spent one...

добри вибри се движат наоколу, може иде убав период who knows...... и да.... at last!

 
Драга, од мал ја сум ти бедно дете. Иам раскапувано глава, нозе, раце опашки пилешки прсти и шо уште не. Ама до оваков степен, ко шо сум дошол денес, никад.. Обична партија баскет, обичен скок и необично слетување на паркетот.. Таква болка ја прв пат доживеав. Очевидци ми кажуват блед како крпа сум бил и сум бил на раб да се онесвестам од болка. Ја искрено не се многу сеќавам шо се дешаваше околу мене, знам дека умирав од болка и сакав да се избесам од неподосливите чувства. Коа ме пипнаја во болницата зборовите на докторо беа, СЈЕБАНИ ЛИГАМЕНТИ. Толку сакав да запомтам, неќам повеќе да знам. Сеа у гипс ногата, ќе одмара некое време. Баш сакав да го продужам викендскиот рампејџ од предходните неколку, со покачен процент на етанол у крвта али си останав на мајкините колачи и млеко. Still something. У глобала добар сум, само треба да одмарам. Си се пофалив ја битно..
IMAG0718.jpg
незгодно драга, незгодно
 
ДК
Во 3 дена ми се промени животот колку на некој во 100 години. Ни сам не сум свесен сеуште што се случува и до толку се е искомплицирано што незнам дали да се радувам или да тагувам.
Втор пат во мојов живот добивам 6ка и за прв пат да се радувам бидејќи со тоа завршив со сите испити, па редно е дипломската.
Ај што бидна факсот туку во рок од 1 ден добивам 2 понуди за работа и тоа од професори, едната во мкд, другата за надвор од тука со преинтересна плата али и преголема одговорност. Дури и потслушнав инфо дека сум имал шанса и државната работа сум бил доста високо котиран и неа да ја фатам од пред недела дена што аплицирав. Сега сум со измешани чувства и за прв пат уплашен како да изреагирам, прв пат незнам како да ја одбијам еднава работа, на кого да верувам и дали да одам надвор да работам на таа работа бидејќи ќе биде во доста комплицирани услови, глава на тимот треба да сум јас одговорен за прескапа опрема и работа каде се вртат огромни суми така да нема место за кикс во никој случај и целата тежина е на мене така да трудно што би рекле бугарите ќе биде и тоа многу. Секоја нуди поволности и загуби, нешто ќе мора да се жртвува сакал или не ќе мора да одлучувам премногу брзо, а дали правилно и паметно ќе видиме, пред се се надевам дека ќе добијам поддршка од оние кои ги сакам и се околу мене иако ќе морам да бидам доста долг период далеку од нив :unsure:
Пред се се радувам од една страна што професорите стекнале толкава доверба и сигурност во мене да ме бараат и да ми нудат толку одговорна работа, значи ќе биде инжинер од мене :)
Andrew Братко 3 месеци одлежав во кревет за иста повреда како тебе на отскочен зглоб здобиена во баскет при доскок, болките се страшни особено ако е многу оштетена така да само одмарај и чекај време да си помине да се залечи повредата...ајде со помин нека е.
 
Ахахаха ти се прави пријател а не знае едно здраво да ти напиша :pos: Култура брате јбг...
Се испостави точно:Те бараат кога им требаш...Затоа внимавајте кому му верувате...Лоши времиња дојдоа :pipi:
 
Во понеделник небото ќе се отвори, ќе ги изгори огнот на вистината сите. Тогаш настапувам Јас, да ги дорешам оние преживеани влекачи. :X3:

И по ваша глава принципиелни магариња, за мене животот има бољи план. :icon_lol:
 
Искрено сакам уште да седам со тебе секогаш си интересна и привлечна за читање,но сега морам да те напуштам морам да станам во 7, а да да ти се пофалам дека денес сум на свадба кај една другарка,па ми даде големи обврски што треба јас да ги претводам, и интересното е што свадбата ке биде на брод,па мислам дека добро ке си поминам.;)
 
ДК
Конечно ќе отспијам една НЕРАБОТНА сабота после 2 месеци.
Од друга страна ќеиф за постот #28855, ако покаже уште еднаш знаци на откажаност/разочараност ќе го кревам на бенч, без Jack3D, he knows ;)
 
Кајги ма знаеш што? една особа премноги ми недостига а нешто ми е налутена а најтрагично е што јас не ја знам причината зошто ми се луте? и тоа кајги многу ме косе и се нервирам , ајде кајги тебе ќе те замолам да и шепнеш на особата и да и кажеш да попуште и да не ми се луте повеќе и да ми каже која е причината зошто ми е лута еве овде јавно и се извинувам ако нешто и имам згрешено и сакам да слушнам од неа зошто вака се однесува зошто ми е налутена. Е така Кајги те молам шепни и и кажи и дека премногу ми недостига и дека сакам да разговараме и да ми каже зошто ми е лута и пренесии и безброј бакнежи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom