Јас сум за петиција на фејсбук да има максимум age limit над кој нема да можеш да отвориш профил. Ова да важи на квадрат за женски пол, а на десетта за мајки. Значи нема нешто полошо од мајка на фејсбук 40+. Ајде да видиме како градуално се одвивала процедурата.
*Некаде 82ра завршила факултет и владее марксизам, Ленин сабрана дела и Владимир Дидијер.
*Непосредно после тоа се вработува на шалтер, работно место кое поради големите амбиции го задржува до ден денес.
*Најголем кариерен удар доживува некаде на почетокот на овој милениум каде што поради дигитализацијата е обврзана да научи компјутер. Поради тоа макотрпно искуство доживува благ нервен слом, предвремен климактериум и хистерија која не можејќи нели да ја изрази на работното место ја истура дома врз семејството и децата, па мажот се почесто ''почнува да заглавува на работното место" како професионален дегустатор на посебната софиситицирана сорта ракии Седумдесетденарилитро.
*Некаде на средина на претходната декада се запознава со концептот на Интремет. Главната дискусија на кафето со врсничките кое се одвива во меѓупаузата после Плачот на виолината во долината на волците кога лисјата паѓаат и Све за љубав и Брачен судија е
-Абе овој мојов (син и) има некоја нова од Кочани, ама не ми збори ништо, мене ќерката ми кажа го начекала таму кога не бил на компјутер и читала таму што пишувале, па бацки па гушки, па и некои цицки се спомнувале, страшна работа.
-Остај се Благе, пораснаа децава и опасни се со ова Интреметов ќе те продадат за 5 пари, таму запознавале од Енглеска, Швицарска, абе циркузи шо да им правиш. Ај пак донекаде и тоа е модерно, ама од дома бе да не се излегувало, ние на времето ластик, народна и серва игравме до касното, на ручек не сме сакале да идеме па ќотек сме јаделе. Сега на 16 уште и цицки, голи слики си праќаат, срамотилаци. Каде бе у наше време курви само имаа фустани над колено, ако те начека некој така за уво и дома кај татко ти да те утепа од мавање.
*Кон крајот на претходната и почетокот на оваа декада декада ѕиркајќи кон компјутерот на младата колешка примена пред 3 месеци поради ''когнитивните капацитети"" прашувајќи се зошто нејзините клиенти што чекаат веќе имаат формирано голема колона, Благе гледа нешто плаво-бело таму на компјутерот кај колешката.
-Михаела, што гледаш таму, што се смешкаш цело време?
-Ааа, Фејсбук гледам, се смеам има еден тип се вика Влатко Василиј многу е смешен.
-Па дај прочитај што пишува да се насмееме и ние
-Ете слушај (actual quotation)
Слетал орелот на врвот од една планина. Кога таму, полжав! Па зачудено го прашал:
- Како бе ти полжаву се најде олку високо?
- Аииии орел што збори! - се зачудил и полжавот.
-Хахахаха ептен мангуп бил овој.
*Вечерта дома почнува операција-Правење муда цитрони
-Лукаaaa (тука комотно може да стои и Андреј ама Лука is the real deal), мамеeee, дој малце нешто да ми покажеш!
-Шо е?
-Знам дека ти си на тој Фејсбук и колешката Михаела е таму, а јас дали сум таму?
-Не мамо, мора да отвориш акаунт.
-Е многу ти знам сега шо е тоа.
-Добро, кажи ми кој ти е имејлот.
-Шо е па тоа, немам таква работа.
-Добро мамо на работа не ли ве научија ова? Арно ајде ќе ти отворам имејл и Фејсбук.
*Синот и отвора Фејсбук со надеж дека мајка му нема веќе да го замара повеќе, незнаејќи дека things are about to get from bad to worse (наративниот глас на Роберт Стак
http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Stack го кажува ова на англиски).
-Маме, која ми беше лозинката? Каде требаше да притиснам за она со детективите што го играв? Како да влезам кај Џесика на тетка ти Весна од Австралија да видам колку пораснала? Како да си ја ставам од Здравко Чолич Јасмина, Јасмина знам ти укус кармина а маме, на глушецот десно копче Цопу па Паста нели?
*По некое време Благе ги научува основите на Фејсбук и доживува Епифани и втор пубертет
Лука се надева дека конечно сега кога мајка му веќе се поднаучи ќе може да му помине отокот на мудата за да може на раат да си има секс со таа од Кочани која е дојдена на студии во Скопје, сместена во бараките на Стив што гледаат накај ПМФ. What he's about to find will make his life a living nightmare (повторно Роберт Стак), и притоа не мислам на фактот дека таа од Кочани се ебе за пари само што на него не му наплаќа затоа што има вклучено емоции.
*Мајка му почнува да става лајк и шер насекаде, на секого и на се, вклучувајќи и вести од црна хроника. Сакајќи да дознае која наша позната пејачка загинала во сообраќајна несреќа или на кој наш водител му ја украле домашната порно снимка профилот на Благе набргу почнува да емитува циганки кои гледаат на кафе кои се погодуваат и слични работи по едно 20тина пати на ден. На сите слики на Лука, на пријателите на Лука, на нивните девојки и на роднините на нивните девојки фрчат коментари-Леле срци сте пооооооз! Мамичка многу сте убави заедно, јадете ли нешто во Пефкохори, тука се истури од врнење, Џесика тета колку си пораснала, права лепотица си станала срце тетиноооо.
Благе предизвикува колективна хипертензија кај сите нас другари на Лука, самиот тој станува предмет на заебанции во друштвото, а тој сиротиот останува само да се фејспалмира

.
*Се навраќаме на сцената со кафето и врсничките во меѓупаузата само неколку години подоцна.
-Благе, Леон мој ми вика дека си се ставила на Фезбук, си го додала за пријател, многу модерна си станала.
-Абе остај се, мора да се биде во тек што ќе правиш, па не сме и ние прости да не знаеме што е тоа. Ајде утре после Невестата (Малечката Невеста заб. на автор) дојдете ќе ви покажам што треба па и вие да станите модерни хахахахаха.
-Види ја ти неа, мислиш ние покусо ќе останеме.
*Наскоро преку пријателките профилот на референтната точка Благе се мултиплицира како агентот Смит во Матрикс и се што гледаш на Фејсбук се тетици од 40+ години. Секако мораш да ги прифатиш кога те аднуваат затоа што неприфаќањето на фејсбук пријателство е причина за смртно закрвување.
Ете затоа на средновечни тетици не треба да им се дава да имаат Фејсбук. Не е смешно, it's fucking annoying.