It's been a long time Кајги...
Кајги дај бе кажи што да правам. Супер ми е на работа, никој не ме замара, никој не ме прашува што правам и до каде сум со работава моја, сигурно бидејќи си завршувам све на време. Стварно дури и интересно ми е на работа, но една работа ме мачи. Платата како да не е доволна.
Не знам, до пред две години да ми нудеше некој оваква плата како сега ќе речев дека цел живот ќе останам на исто работно место. Сега не е така. Знам дека можам и повеќе. Ама се плашам дека нема да сум среќен на друго место...
Јебеш му матер, што да се прави?
- Да играм на сигурно, ќе се претворам во некој couch-potato, секој ден со иста рутина...
- Да пробам некоја авантура на друго рабтно место? А што ако излезе дека е полошо од овоа сега? Што ако останам без овоа што го имам сега?
Аплицирав на неколку други места, да пробам да видам што е како е по други места. Ај па ако отидам на некое интервју можеби ќе ми помогне во одлуката...
Till then, keep it cool Кајги.