Драга кајгана , 42 ден од овој (не-толку-продуктивен) распуст.
What I've done ?
Земав три книги , мислејќи дека со брзина на светлината ќе ги читнам , и интелектуалноста ќе ми рипне на повисоко ниво , ќе можам да си ја зголемам листата на авантури (прочитани книги), ќе излезам од сајбер светов. Ќе станувам порано , ќе се научам да готвам , ќе учам и патувам , ќе се надоградам како личност ?
Звучи привлечно.
Но , каде ми е целата онаа сила , инспирација која ја имав пред еден месец , каде што единствен проблем ми беше недостаток на време? Па да ти кажам , и крилја имав.
Енергија , вишок!
Мислам дека се вртам во круг , наутро ме обземаат страшни мисли за тоа што би имала во иднина , а попладнето се кикотам и се радувам на она што го имам, не сакам да помислам дека еден ден ќе го немам. Секој ден така.
Теорија : 5-ка , пракса : кец
Абе ајде , ти си јака , амбициозна , креативна , кул и комуникативна , и немаш гајле од менструација .

Тогаш како да не можам да си го замислам денот без некој што ме полудува , воопшто не ме слуша, и ме критикува, ?

Глупаво мозочиште. Кој би се разбрал со тебе?
Прашања милион , не ми одговарај Кајге, ќе се снајдам сама ...
Ениуејз , a good movie