Драга,
Знаеш, ќе почнам да им се воодушевувам на оние ладнокрвните. Онака, никој да нема поим како ми е, да се смеам и кога ќе ми се плаче, никој да нема поим што мислам за неа/него.
Да не знаат што ме нервира, што ме радува, натажува.
Како успеваат?!
Добро ли е се да се чува во себе? Да немаш доверба во никој, да се затвориш ко школка?
Не дека сум пробала, и да пробам, ова ни два саати нема да ми успее. Не сум од таков крој, некад и жалам за ова. Али во повеќе случаи сум си задоволна од мојата емотивна искажаност кон опкружувањето. Пламнувам ко кибритче, веќе и овие до мене знаат што не треба да зборат во мое присуство. Тие што не знаат, ќе ги научам.
Туку, вчера во парк гледав две кучиња како си играат.

Најдобрите 10 минути од вчерашниот ден. Едното беше иста раса ко моето. Љубов, љубов на прв поглед, преубаво куче, жими мене.

Не можев буквално очи да тргнам од нив, беа ко мали дечиња што си играат, онака мило и невино.
Денес, најдобрите 60 минути ми беа додека ја гледав таа серијата, за која буквално секој ден ги пцујам Канал5 што од секој ден, само во викенд ја ставија бе!

За денов што следи ... Најдобрите минути се овие што следат .... Претпоставувам.
Бабај, Кајги.
