Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Кога ке кажат дека сум бистар, паметен или умен, осеќам дека коефициентот на интелигенција рапидно ми паѓа.
 
ДК
голема полемика се дешава околу политикава во моментов.. Чини-не чини...
Всушност многу е едноставно: Бугарите го прифатиле после помалку од 24 часа... Заклучок: тука нешто многу смрди!
 
Најглупо нешто е моментално што се дешава е што имаш абдали ретардирани на власт моментално во Македонија.

Само они солат памет и они се најпаметни дека е добар предлогот.
А тоа што народот,црквата,академијата на научници,најпаметни луѓе,цел образован кадар,цела опозиција,сите коалициони партнери твои,дијаспората,војската,полицијата,Турците, Бошњаците,Србите,Хрватите,Циганите итн . ти викаат се против лошиот договор .

Но не, Сдс и Албанците/Бугарите се ЗА .

А зошо се Албанците , За ?!
Оти Албанија,нивна матична земја е у пакет за ЕУ со нас. Ако ние влеземе,исто и они,ако не влеземе и они исто нема . Фактички Албанците им гори под нозе споров меѓу нас и Татариве .

Толку е црно/бело цела ситуација,толку е чисто цела ситуација и упорно глуп те прават дека ОК .....


Ми се гади.
 
Др. Драга
Која филоозофија

Филоксенија е страст кон странците

Ксенофобија е омраза кон странците

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
 
Она што се случува во Украина е хаос, онаа земја нема никогаш економски да застани на свои нозе после она. Ни по 100 години нема да се оправи после таква деструкција, цела инфраструктура пепел. После друг ќе им биди крив што немаат пари. Ние 30ет години после нашите војни не знаеме кај тераме, а не пак онакво нешто.

Има Украинци населени во едно село овде на југот од Германија. Бефме со еден колега, ги помага финансиски. Зборувавме со едно девојче, студирала архитектура во Мариопол веќе една година, тоа ни беше тема на разговор пошто и јас сум голем љубител на архитектура, знае да игра балет, уништени животи. Немаш претстава колку им е тешко овде кајги, без разлика од нашата помош. Не се како мене со германски јазик, интегрирани во средина, долго трае тој процес кај нив. Од очај навечер се опиваат и пејат. Тешка клетва ќе го втаса тој кој ги уништи. Најголемиот дел од нив очајуваат да можат се вратат назад, ако некогаш воопшто има мир.
 
Во услови кога повеќе градови се натпреваруваат која турбо фолк ѕвезда да ја донесат или организираат монотони манифестации кои личат една на друга, во Кочани вчера како дел од прославата на празникот на градот се одржа берза на винили, изложба на насловни страни за македонска рок музика, промоција на рок биографии и антологии... За на крај сето тоа да кулминира со панк рок свирка со неколку бендови, на чело со легендарните Last Expedition.

Не испуштам прилика да кажам отворено секогаш кога сум горд на мојот град. А вчера дефинитивно беше така. Барем 12 часа бевме рок метропола на Македонија.
 
IMG_20220711_141125.jpg
Вакво нешто практикувам уште од седумгодишна возраст.
Ке излезам надвор да читам книга и во скут ми иде мачка која спие преку целото време додека ги листам страните. Така, кога бев мал по три пати ги прочитав "Робинзон Крусо" и "Пипи долгиот чорап" со моралната поддршка од некој домашен миленик. Сега, во идно време, секогаш кога ќе се вратам дома се обидувам да доловам дел од тие моменти .
 
Ех кајги, стопанкинио се меша со украинци и уште не научил дека тие се опиваат пошто алкохолот му е основна храна, а не дека го прават тоа од очај.
Пиздјец, јопте.
 
Каква сила лега во Господ Бог не сме му рамни ни (до неговиот најмал прст на нозете) ако можам така да се изразам...
Ми понуди решение на стариот проблем-Еден пар зелени очи да заменам со друг пар зелени,ми донесе милфица во мојот живот,имавме дејт и се убивме од лапање ко да сме тинејџери...
можевме и да се плеснеме без проблем ама оставивме фантазијата малку да проработи до следното видување,таа малку дива а ја и кажав дека сум срамежлив помалку по природа,ме грабна за пенисот колку има сила после ја неа за коса диво ко праистириски човек ја грабнав накај мене пердуви летаа...страста беше појака таа вечер од загадувањето кое го има преку зима...
До сега имала работа само со алфа мажи-кои удараат по маса,пцујат и се расправаат со гостите од соседната маса...
Сега налета на стабилен бета мажјак кој ја опсипува со комплименти и кој има дарба да ја крене на пиедесталот на најпосакувана жена меѓу жените...Тоа за неа е нешто ново,досега недоживеано и улетавме во срцата еден во друг ко тазе купени риби во акваруим...До следново пишување bye...:coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom