Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
1657781562539.png
Демократија...кај можеш дроби а кај не можеш биди како пичка. Затоа треба да покажеме карактер како народ, посебно сега кога нема сила империјата да се расправа на секоја педа од земјинава кугла(Зурла, извини....плоча).
 
„Ќе им кажете на војводите дека костурци го сметаат решението на Војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“.

Тивко е на Ножот, се надевам дека Скопје нема да остане тивко на овој ден.
 
Една проста работа уште многу одамна не ми влегува во глава.

И покрај сите случувања со бугарите, и покрај сите фекалии излеани од нивна страна кон нас Македонците, темата за бугарски пасоши е сеуште на турбо.

Па да му се невиди, заради тој пасош, да потпишеш нешто што апсолутно не си, зашто Боже мили?
Како тоа да ви е единствената шанса за регуларен престој и работа на Запад. Епа не е единствен начин.
Има многу други регуларни начини да се остане и работи горе и со Македонскиот пасош, па здравје за некое време, стекнување и на тамошни документи.

Но вие го бирате најлесниот начин, па макар сте си го продале својот идентитет на кого? На бугарите. Супер, ако, само напред, терајте и вадете бугарски државјанства.
Што народ ќе бевме бре мајку му стара. :facepalm:

И што е најтрагично, никој не ја конта која била позадината, ЗОШТО бугарите со години, години наназад штанцаат пасоши на Македонци.

ПС Ништо лично, само моја констатација.
 
Кајганке :love:

„Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!“


Свето е се што живее

Се случи тоа што се случи –
Убија невини, убија мирни, убија незаштитени,
Те обесчестија Татковино дојденци, суртуци, убијци,
Безумци спополавени до гуша во крв зацапани,
Лесно кон меч што посегаат,
Ко црни јата зло долетаа,
Неоти демони на смртта во униформи на европејци,
Изроди грди на таа блудница Европа
Којашто поначесто ужива со копита да ни го валка Балканов.
Се самозаборавија од премногу сила
Убијците гордолики грди во душите,
Убиваа без ред без да знаат дека
Сила поголема крие нашиот живот од нивната смрт.
Подоцна крваво сфатија дека срамно
Самите жално ќе загинат –
Бидејќи е свето сѐ што живее,
Бидејќи силните, тоа сме ние – невините…


Гане Тодоровски


 
- Протоколот сеуште не е јавно објавен.
- Повеќе од 800 интелектуалци се против овој француски предлог.
- Дел од владините претставници јасно дадоа до знаење дека не се запознаени со документите.

Не знам што не е јасно?
Навистина треба да си неписмен, слеп, нем, и екстремно глупав и незаинтересиран за да сакаш да се прифати предлогот.

Ние треба темелно да го преиспитаме нашето инсистирање за влез во ЕУ. Колку и да сме оптимисти, ништо не добивме што може да не стимулира и мотивира. Ништо, освен губење на идентитет, бришење на историја, национално понижување и деградација.
 
Кајг,
не знам зошто сите се чудат, па нормално за нив како чопор хиени да извадат на продажба тоа што не е нивно зашто едноставно се на власт, си го потпишаа францускиот предлог (ова сега што го гледаме е само замајување и собраниски циркус со кловнови).

...следните години ќе си добијат европски фондови, готови пари да јадат и пијат, да си ги полнат џебовите и да се дебелат како крмаци.

....им е гајле нив за македонската историја ниту ја знаат ниту ги интересира, а не пак и за убиени од фашизмот кои се превртуваат во своите гробови, тие сопствена мајка и брат продадоа и се колнеа во воздухот што го дишат нивните деца во име за да добијат харам европски проколнати пари, им е гајле за идентитет и за македонски народ, а што би да им е гајле кога не се Македонци!:toe:
 
ДК, ќе идеш у школо, ќе те заебаваат кој стигне, и ќе те викаат ќурка и таа болка нема никад да ти отиде од тебе, додека не ги сјебеш ако можеш сите тие кои се дел од таа душевна болка. Колку се животите на луѓето прости по некад...
 
Драга,

Добра му беше оваа на Владе, признавам. Ми буди голема надеж и еден месец нема да напишам ништо на Струмички. А нели Струмичкиот мааалку наликува на Бугарскиот, уште тоа ви фали. Парва барем потсеќа на селата од јужна Србија, колку што знам тие до сега се ОК со нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom