Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска запознав една полу Цинцарка од Румунска,таму израсната .... Добри цицки,убава коса .... Седев до нејзе,душата ми е исполнета ..... Пуштам од мерак да знаете .... :rolleyes:


 
Оваа ситуација со вирусот веројатно за сите е тешка ама мислам дека не е далеку од вистината дека интровертите ја пречекавме поспремни. Од себе земам пример. И мене ми недостигаат многу работи, ми се чини како периодот од пред кризата да беше пред сто години, еден куп планови ќе останат одложени за некое подобро време... Ама па за сметка на тоа до сега извадив максимум од овој карантин. Прочитав книга од 500 и кусур страни, изгледав два документарни серијали, неколку филма, а сега се токмам да почнам да гледам две нови серии...

Кога сме веќе кај интровертноста, колку само сега ми е смешно дека некогаш сум помислувал дека е лоша особина. Сега уживам во неа и се повеќе сум сигурен дека како одат годините уште повеќе ќе ги кревам ѕидовите околу мене освен се разбира за поблиските луѓе. Скоро секој ден слушам и гледам работи во кои јас едноставно не сакам да имам никаков удел. Некои постапки и особини на луѓето не може да ги искорени ни короната, ни ништо. И јас не сакам да бидам дел од сето тоа. Кој знае, може проблемот е во мене, може едноставно така функционира светот и јас тука не се вклопувам многу. Ама времето на секој од нас е кратко а светот треба да биде пристојно место, па макар нека е и некој микро свет што си го креираме сами за себе...
 
30 ден изолација
suicide.gif



Сликовита најава за викендов...
20200410_032155.jpg
 
ДК стискај палци, ако тестот ме извади „плоден“ без да знам би имал 100+ деца за жал...
ДК негетивен, 7 денови ко 7 години ми се видоа упм ама убаво заврши... народе чувајте се, психата ме уби вака а не можам ни да помислам како ќе беше да бев позитивен...
 
ДК,
колку убав празник ни доаѓа...зошто на некого не му текна да поминат луѓе од црква, да поделат свеќи во секоја куќа, ќе излеземе по дворови, тераси со запалени свеќи, ќе го направиме празникот величествен...
По 10-50 ден сите ќе дадевме, и ние со убаво чувство и МПЦ со неоданочен приход.
 
Неодговорноста, останување буден до доцна и лош ракопис биле симптоми на интелигентните луѓе. Епа драги мои, да ви се претставам: Ајнштајн сабајле го пратив по јогурт, дур Да Винчи ми го носеше бурекот.
 
На сета мака ме изнасмеа една бабичка денес во Скопје. Отодовме со брат ми да завршиме некои работи и бараме каде е матичното кај камен мост некаде. И се погоди една баба излегуваше од некоја установа па немаше кого и ајде ја прашуваме извинете вака и вака. А веќе беше 11, 11 и нешто. И оваа се збрка цела, ни вика ама јас само во црква сакав да одам. Океј и викаме, ама не те прашуваме ние тоа. И го повторивме прашањето, оваа цела се потресе ни вика да се вратам ли внатре? Ние пак и кажуваме ама не сме ние полиција, и видовме нема фајде тргнавме да бараме понатаму и оваа ни вика: а ќе ме казните ли? Не, и викаме, не те казнуваме терај слободно
А што е право имавме маски и наочари за сонце. Арно не не праша дали ќе ја носиме на Марс
 
Кајг,
...искрено накај 18ч прелета авион и? не е тоа прекршување на полициски час? го застана ли некој? го легитимираа некој пилотот? а?


...ебаго, имеТ ли пилот У авионо! :vozbud:
 
У принцип ние сме кукавички народ, докажано и документирано низ историјата, низ вековите. Еве и периодов имаме доста докази за тоа, ако нема карантин тогаш зошто нема, па кога го воведоа зошто го воведоа, па ај тоа го проголтавме па сеа тајмингот не чинел, и така во низа се редат глупостите на фиромјаните. Али најсмешно од се ми е кога ќе прочитам како вежбањето им било ускратено со полицискиов час... Оф мори мила мајко, за народ кој е навлечен на кладилница, кафе грицкам лажиче и кафана шема им фалело вежбањето. :pos: :facepalm: Па вежбајте дома бе, не ви ги исекоа рацете и нозете, или нема тегови и справи дома па не може 30 сториња да ставите? :icon_lol:

Јас изгледа сум ненормален, ама карантинов малце позитивно ми влијае у ситуација кога не одам на работа десетина дена. :D Читам книги, гледам серии, вежбам, а терапијата направи да си станувам секое сабајле у осум (јер мора да испијам лекарства) и да си го организирам денот како што треба. Онака се осеќам ко препороден, дисциплиниран и секако изолиран. :D Ме ошиша брат ми ќелав, прв пат во живот, се плашев да не бидам како грев штотуку влезен во затвор али добро испадна на крај, се тера некако. :D

Скокав на јаже денес, бај д веј најбоље вежба икада за било што, и моментално нозете ми се малце у бонус. Користев еден тренинг кој го имам запамтено од времето кога тренирав кошарка, во глава ми имаат останато бројките и прееска пробав да го направам ама за малце не успеав. Сеедно, горат нозе после тренингот, 20 минутно ебење матер ти се дешава. :D Планирам кога ќе влезам во шема следните денови за некое време да ги дуплирам бројките, пример ако треба 3 серии по 120 скока за 1 минута, јас да направам 6 серии итн итн, што ќе биде поприлично солидна бројка на скокови за 20-30 минути.

И да, да им ебам се најмило на сите пицерии и сендвичари што не вршат достава до Ченто за време на кризава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom