Драга Кајгана,
Синоќа бев у парк на Коноп фест. Заглавив до касно на работа, па стигнав таман кога почна Гиш.
Многу деца по тревите, чат пат и трева во воздухот.
Чат пат стари магариња како мене

И најголема почит за родителите кои ги донеле своите деца на ваков настан.
Од останати вести од светот, започнав процедура за враќање на брод, и заглавив кај медикалот, Имиџ, мојата фирма бара Ројал Карибиан медицински преглед кој за жал го нема во нашата земја, бидејќи нашите влади не ги интересира да станат потписнички на IMO конвенцијата, а којзнае колку македонци работат по бродови, ама работев државно, па овој факт не ме изненадува.
Енивејз, скокнав до Белград за прегледот и отидов на појадок во традиционален српски ресторан McDonald's
И за крај, на форумов најдов на времето една Оливера, заборавив како и беше јузерот тука, одамна ја нема. Таа ми пушти линк од песна на Акуа Нару. Погоди кој веќе има купено карта за да иде на нејзе
