Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Имам две другарки. Едната е пример како треба да се однесува едно жена, а другата е пример што не треба да се однесува.
 
Како и што кажав пред некое време, денес беше денот кога се збогував со NLB, бевте на времето бр.1 и со опции и со однос со корисници и со достапност ама денес полесно ќе искомуницираш и ќе се разбереш со Пентагон отколку со вас.
 
Што не е јасно...Picture 084.jpg Picture 083.jpg додека јас се уште бев на цицка,некој завршил матура во гимназија и тоа не било каква туку ВИША. Е во мое време тогаш после ратот ако знаеш да читаш и пишуваш печен си за началник или службеник во Скопје, а во најмала рака ако не ти се напушта Мариово тогаш си учител или поштар. А и тогаш со 4 оделние си прв на листата за директор на било која фабрика или задруга,а ако имаш и некоја медаља од ратот ќе се доквалификуваш во Кумровец или Москва и ќе станеш дипломиран.
 
Се утепав шверц возејќи се нис београд, цел ден натаму наваму со транваите, контроа ни на повидок.Дојдов у Мк едно качуваење не пројде една станица данк контрола:D. И не не се возам швер од што не ми се даваат пари, туку ме нервираат тиа нивни бус плус глупости, исто ко овде , глупи ебани картици. па налет тоа ги нема у секоја трафика, Абе се знаеше порано ќеш и цепаш, затоа никад нема да платам карта
 
Најголема детска траума се всушност докторките што не прегледуваа на систематски...намќори, злобни, намрштени, 0 однос кон децата.

А моментот кога ни ја проверуваа крвта...

The-Thing-GIF-05312017.gif


:shook:
 
Се обидов на еден другар да му објаснам што всушност значи први Мај.Малку фалеше ќотек да ми удри:D
Дефиниција за македонче:Нема леб да јаде ама скарата е секогаш тука.
Како нема да правиш скара што ќе речаат комшиите немаш пари.

Истиот муабет е и за матурските.Кога разбраа роднините дека нема да правам матурска(читај свадба без невеста/младоженец) прв муабет им беше добро ако немате пари земете кредит зошто срамота било сите така правиме :tapp:
Затоа нема да не биде никогаш.Среќа па немам родители заглавени во комунизмот па да ги прават овие глупости.На еден другар мајка му се расплакала зошто детево не сакал да прави матурска како ќе и се појавела на роднините пред очи голем срам било.
Само да знаете дека ова нема да заврши со овие генерации туку многу и од младите сеуште ќе го практикуваат ова поготово оние кои нема да имаат можност да поминаат граница никогаш за да видат како се живее горе.Истите тие кои ќе земаат 250 евра плата ќе влегуваат во минус за матурски и вештачки свадби и ќе вртат скари и пива на 1 Мај.
 
Сите ве гушкам во мислите мои, сите ве гушкам и живи и мртви, се е простено на сите и со тоа си простувам себеси.

Шееесет души сме три генерации се пее 90 минути на крајот од исцрпеност не можам до автобус да влезам, и утре така еј Струмица домашен терен ненормална работа...

Една љубов имам јас
една и единствена...

 
Драга Кајгана,

Синоќа бев у парк на Коноп фест. Заглавив до касно на работа, па стигнав таман кога почна Гиш.
Многу деца по тревите, чат пат и трева во воздухот.
Чат пат стари магариња како мене :)
И најголема почит за родителите кои ги донеле своите деца на ваков настан.

Од останати вести од светот, започнав процедура за враќање на брод, и заглавив кај медикалот, Имиџ, мојата фирма бара Ројал Карибиан медицински преглед кој за жал го нема во нашата земја, бидејќи нашите влади не ги интересира да станат потписнички на IMO конвенцијата, а којзнае колку македонци работат по бродови, ама работев државно, па овој факт не ме изненадува.
Енивејз, скокнав до Белград за прегледот и отидов на појадок во традиционален српски ресторан McDonald's :D

И за крај, на форумов најдов на времето една Оливера, заборавив како и беше јузерот тука, одамна ја нема. Таа ми пушти линк од песна на Акуа Нару. Погоди кој веќе има купено карта за да иде на нејзе :)
 
Значи многу ме нервира кога некој не води лични хигиена, ептен многу.Доста што мора да ги трпам по аутобусите, јавни установи утакмици, сеа морам ли и на работа да ги трпам.Значи да се разбереме работава ми е таква што мора да се испотиш,ама тоа не значи да смрдиш ко твор од 7 сабајле:tapp:.Одма се познава дека не се бањаат, или па гледам дека цела недела носат една иста мајца капак на тоа ставаат парфем:sick:алооо каде бе? И ич кур не ме боли, ја им зборам,па уште се лутат,ич не ми чуе не е дужен никој да ве трпи цел ден.
 
Можеби не можеш да си ја пополниш дупката во себе си, но затоа можеш да го потполниш паниниовиот албум со сликички за престојното светско првенство! (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom