Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи сум пројдел многу работи во животот, ама вакво чувство како што имам сега ми се чини сум немал никогаш. Како што пишував и тука, за брзо време ми се случија многу промени и по логика на нештата сега треба да бидам ептен изрелаксиран. Ама не сум. Се нешто што во моментов ми е позитивно си има едно „ама“. А најглупо ми е што пред скоро сите други мора да глумам дека е се ок. А може и јас премногу ја тупам па сакам за кратко време да ми се решат сите работи.

И во такви услови некако почнав да ценам ситни работи. Еве вчера бев во Штип, град во кој студирав. И одам таму во една сендвичара каде често јадев тоа време. Значи во сендвичарата немам стапнато едно добри 5-6 години. И гледам истата жена уште работи таму (ништо чудно и да е нејзино местото). И додека го прави сендвичот ми вика „Ти нели не си од тука, тука беше студент, те паметам често јадевте тука со еден колега“. Одамна се немам толку пријатно изненадено.
 
Оваа недела мислам дека најзаморна ми беше во последниве скоро 2 години.
Но, се радувам, затоа што работите одат во позитивна насока.
Лошо е само што мислев дека викендов триста работи ќе си организирам, ќе откријам нов континент и томе слично, но јас имав сила само да се фулирам со благо и алкохоли и кај и да е, ќе го преспијам остатокот од денот, време тече сат.
 
 
Последно уредено:
Додека ние ја излечивме цела нација со донации, на една колешка вчера не ѝ беше јасно како тоа давам поголеми суми на непознати луѓе, а уште поголем шок ѝ беше кога слушна дека парите не биле на заем. Срамота! Луѓе со плати од 1500 евра па нагоре. После ќе ми глумат големи хуманитарци, пуштиле некогаш 5 круни во касичката за гладните деца од Африка од кусурот што им останал и мислат го смениле светот.
 
Ајде Като, ајде злато, разбиј лед и ти еднаш на кајгандневник:)
Читкам јас редовно тука, не од што ми се допаѓа нешчо особено, туку од чуденка за некои ликови што се праат мажишча и фраеришта, а овде се като плачипутки:)

@Agda Beata душичко, ме потсети на една особа која доби замисли молимте и пофалница за најхумана сестра, која организираше хуман.помош, а самата таа никогаш ни денар не оставаше:mad:
Убаво ми е утринсково кафе, но да не заборавам зашто дојдов овде..аха....


АЈДЕ МИЛА МОЈА МАКЕДОНИЈА, НЕКА ТИ Е СО СРЕЌА СО НОВАТА ВЛАДА:oeoeoe:

да се надеваме на подобар живот(y)
 
Драга, каков талент треба да си, за да паднеш на сред гробишта? :facepalm: Па да беше само паѓањето ај, него и други појезиви работи што ми се случија, тоа друго е. Патем за тоа што ко помала имам паднато у гроб, за тоа ич да не праиме муабет. :cenzura: Арно ми викаат дека више ништо не ги чуди што и да ми се случи. :toe:

Туку... ич не поднесувам разгалени, размазени, аздисани деца. Всушност лошо се изразив, не ги кривам децата, туку родителите. Пред некој ден во супермаркет едно дете (не беше мало воопшто, па да речеш не се разбира од збор) зема од пиљарата патлиџани и почна да мава кај стигне, мајка му го гледа и вика - Ај бе дете е, такво си е. Буквално ништо не презема за да го запре. Не може бре за све изговор да биде - Темпераментно си е детето, што да му праам. Па ќе си го превоспиташ, шо да му праиш. Не можеш да ми кажеш дека детето не е слика на родителот.
Дошле на гости, ми шкрта по ѕид. Е па извини, или ќе си боиш во боенка каде што треба или боичките веќе нема да ги видиш. Па малово се налути, почна да ме гаѓа со папучи, да ми треска врати. Извини, ама така дома да си маваш со папучи ако ти дозволуваат и да трескаш врати, кај мене не. Ниту моите кренале рака на мене, ниту јас ќе кренам на некое дете, ниту пак го оправдувам тоа. Ама со зборови Бога ми може да се доведе во ред ако се сака. Убаво си рекле постарите железото се кова додека е жешко. А не мајкава земала си пие кафе, детево лом праи по дома и после непослушно било детево. Па демек има кого да слуша?

Неисе, овие по паркови што ги шетаат кучињата со триста парталчиња на нив не можам да ги сфатам никако, посебно не па на 30 степени. Па уште ми кажува патичиња од алиекспрес ќе нарачувала. Не е слатко, грдо е, како да ти кажам. Освен машничка, све друго грдо стои. На инстаграм ми искочи видео каде што фарбаат мачка. Дај бе мафнете ми се. Се' ми смета, у пмс сум, ок, позз. Сакам пиво, ама нема, јбг.

Ај доста беше негативна енергија, изглеј си го видеово и раат си.
Ај, пријатно. :D
 
Конечно се затопли времето,дојде јуни месец.............



........А ЈА СУМ ЗАТНАТ ЦЕЛИОТ!!!!!!!
 
Здравство, руина. Одбрана, руина. Внатрешни, руина. Надворешни, руина. Правда, руина. Судски систем, руина.

Прва мерка на новата Влада - укинување на екстерно тестирање.

Приоритети, јебо мајку своју.
 
Каков меил ми вратија од Видео Дата абе сФака част еј, lellll <3 <3 <3 , три пати го читам и пак не можам да разберам што сакаат да им донесам. Како во Spin City дебелиот Ласитер кога отиде да им објаснува на тие во старачкиот дом како да гласаат и на крај наместо за еден од двајцата кандидати, гласаа за Crazy Kenny, викаа ни дојде еден дебел, не испобуни, заокружи лево, десно, мое лево, твое десно и на крај пишавме Кени. Така и јас, наместо документи некои што ги бараат ќе одам утре ќе им однесам соковник. Поради вакви работи сме фиром, не поради референцата.

@Beric Dondarrion фирмата од таму зеде иначе со овие да си немаш работа, исто како АМЦ.
 
Последно уредено:
Ја коа купувам техника, прво прашувам дали сервисот им е во ВидеоДата, па после се интересирам за помалку битни други работи, како: цена, карактеристики, квалитет...
 
Драга, штета што не е Миленко Неделковски полесен, ќе можеше да се качи на новиов авион Solar Powered Space Plane и да ја види заобленоста на планетава

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom