Драга, каков талент треба да си, за да паднеш на сред гробишта?

Па да беше само паѓањето ај, него и други појезиви работи што ми се случија, тоа друго е. Патем за тоа што ко помала имам паднато у гроб, за тоа ич да не праиме муабет.

Арно ми викаат дека више ништо не ги чуди што и да ми се случи.
Туку... ич не поднесувам разгалени, размазени, аздисани деца. Всушност лошо се изразив, не ги кривам децата, туку родителите. Пред некој ден во супермаркет едно дете (не беше мало воопшто, па да речеш не се разбира од збор) зема од пиљарата патлиџани и почна да мава кај стигне, мајка му го гледа и вика - Ај бе дете е, такво си е. Буквално ништо не презема за да го запре. Не може бре за све изговор да биде - Темпераментно си е детето, што да му праам. Па ќе си го превоспиташ, шо да му праиш. Не можеш да ми кажеш дека детето не е слика на родителот.
Дошле на гости, ми шкрта по ѕид. Е па извини, или ќе си боиш во боенка каде што треба или боичките веќе нема да ги видиш. Па малово се налути, почна да ме гаѓа со папучи, да ми треска врати. Извини, ама така дома да си маваш со папучи ако ти дозволуваат и да трескаш врати, кај мене не. Ниту моите кренале рака на мене, ниту јас ќе кренам на некое дете, ниту пак го оправдувам тоа. Ама со зборови Бога ми може да се доведе во ред ако се сака. Убаво си рекле постарите железото се кова додека е жешко. А не мајкава земала си пие кафе, детево лом праи по дома и после непослушно било детево. Па демек има кого да слуша?
Неисе, овие по паркови што ги шетаат кучињата со триста парталчиња на нив не можам да ги сфатам никако, посебно не па на 30 степени. Па уште ми кажува патичиња од алиекспрес ќе нарачувала. Не е слатко, грдо е, како да ти кажам. Освен машничка, све друго грдо стои. На инстаграм ми искочи видео каде што фарбаат мачка. Дај бе мафнете ми се. Се' ми смета, у пмс сум, ок, позз. Сакам пиво, ама нема, јбг.
Ај доста беше негативна енергија, изглеј си го
видеово и раат си.
Ај, пријатно.
